По последните инциденти, случајно или не, се зголемија тензиите меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Од ДУИ повикуваат на чувство на одговорност за решавање на проблемите. Според СДСМ пак, состојбите се логичен резултат на неуспешната власт поради неисполнетите ветувања.
Ниту видливото продлабочување на тензиите во владината коалиција, ниту зголемените притисоци на одредени членови на ДУИ, особено на централното претседателство што партијата го одржа по акцијата кај Радуша, во оваа партија да ја напуштат Владата, во официјалните изјави од оваа партија се уште не водат кон заладени односи меѓу коалиционите партнери.
Само кон зголемена флексибилност и посуспешно функционирање, додава Тахир Хани од оваа партија. Власта, како што вели, сега треба да покаже повеќе сенс за решавањето на одредени проблеми , и тоа токму оние кои станаа камен на сопнување меѓу коалиционите партнери и коишто предизвикаа кулминација на недоразбирањата.
„Да ги решаваме некои битни проблеми во државата за да створиме нова клима во општеството, а тоа е дека мора да се реши статусот на припадниците на ОНА, проблемот со Сопот, хашките случаи исто така. Треба да се фокусираме максимално во решавање на спорот за името.“
Хани е на ставот дека безбедносната сосотјба не е е имуна на политичките ососотјби и затоа на нивното истовремено вжештување гледа како на поврзани и зависни една од друга.
„Тоа е се поврзано во едно општество и за да имаме побезбедна ситуација во Република Македонија треба да бидеме поуспешни во политичките состојби.“
Зоран Заев од опозиционата СДСМ на сосотојбата гледа како на логичен исход од низата како што вели неуспешни потези на владата како на полето на економијата, така и на полето на меѓуетничките односи.
„Владата има две можности, едната е да ја предаде власта, а втората да предизвика предвоена или воена состојба која дефинитивно ќе им биде оправдание за неможноста финансиски да ги покријат сите глупости коишто им се испорачани, ветени или очекувани од страна на граѓаните.“
Оваа, пак, состојба ја става Македонија, вели Заев, во уште понеповолна положба во поглед на изнаоѓањето решение за во моментов најважното прашање, спорот за името со оглед на тоа дека власта и државата стануваат окупирани со дневни политички и безбедносни прашања.
Решавањето на прашањето за името може да се очекува да биде уште понагласено во комуникацијата меѓу владините партнери во форма на притисок за доаѓање до исход којшто би ги одблокирал евроинтеграциите што според раководството на ДУИ и на централнотот претседателство е оценето како единствена можност да се реализираа целите на Албанците во земјите каде што живеат.
Да ги решаваме некои битни проблеми во државата за да створиме нова клима во општеството, а тоа е дека мора да се реши статусот на припадниците на ОНА, проблемот со Сопот, хашките случаи исто така. Треба да се фокусираме максимално во решавање на спорот за името.
Само кон зголемена флексибилност и посуспешно функционирање, додава Тахир Хани од оваа партија. Власта, како што вели, сега треба да покаже повеќе сенс за решавањето на одредени проблеми , и тоа токму оние кои станаа камен на сопнување меѓу коалиционите партнери и коишто предизвикаа кулминација на недоразбирањата.
„Да ги решаваме некои битни проблеми во државата за да створиме нова клима во општеството, а тоа е дека мора да се реши статусот на припадниците на ОНА, проблемот со Сопот, хашките случаи исто така. Треба да се фокусираме максимално во решавање на спорот за името.“
Хани е на ставот дека безбедносната сосотјба не е е имуна на политичките ососотјби и затоа на нивното истовремено вжештување гледа како на поврзани и зависни една од друга.
„Тоа е се поврзано во едно општество и за да имаме побезбедна ситуација во Република Македонија треба да бидеме поуспешни во политичките состојби.“
Зоран Заев од опозиционата СДСМ на сосотојбата гледа како на логичен исход од низата како што вели неуспешни потези на владата како на полето на економијата, така и на полето на меѓуетничките односи.
Владата има две можности, едната е да ја предаде власта, а втората да предизвика предвоена или воена состојба која дефинитивно ќе им биде оправдание за неможноста финансиски да ги покријат сите глупости коишто им се испорачани, ветени или очекувани од страна на граѓаните.