Политичарите без реакции за инцидентот кај Радуша

Специјалец стои пред изрешетаното комбе на криминалната група

Засега ниту еден од македонските политичари не сака да го коментира инцидентот во близина на селата Радуша и Рашче, каде во престрелка меѓу полицијата и криминална група загинаа четири членови на групата. Според владеајчката партија тоа е работа на институциите, а опозицијата вели дека е рано за коментари.
Ниту еден од политичарите во Македонија не сакаше го коментира инцидентот во близина на селата Радуша и Рашче, каде во оружена пресметка меѓу полициска патрола и криминална група, при која загинаа четворица членови на групата. Владејачките партии велат дека не сакаат да коментираат затоа што ова е работа на институциите. Опозицијата, пак, смета дека не трба да се избрзува со коментари за да
Добро е што во изминатиов период, посебно по првата полициска акција каде што беа откриени бункерите со оружје, политичките партии односно сите релевантни чинители и од Македонија и претставниците од меѓународната заедница, но и од соседството го осудија ваквото однесување.
не бидат погрешно разбрани во јавноста.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска вели дека безбедносната состојба во земјава не е нарушена и нема потреба од загриженост, затоа што полицијата има целосна контрола. Инаку ова е втор инцидент за две недели. Министерката Јанкуловска вели дека во оваа фаза на истрагата се уште не може да се кажа дали има некаква поврзаност на овие два случаја. Таа додаде дека за минатата акција на запленување оружје кај Блаце добиле поддршка и од политичките партии кои ги осудиле ваквите настани.
Запленетото оружје кај Радуша

„Добро е што во изминатиов период, посебно по првата полициска акција каде што беа откриени бункерите со оружје, политичките партии, односно сите релевантни чинители и од Македонија и претставниците од меѓународната заедница, но и од соседството, го осудија ваквото однесување и се оградија од овие поединци и групи кои имаат екстремни намери.“

Во инцидентот кај Радуша македонската полицијата убила четворица криминалци кои не сакале да застанат на барање на полицијта и први почнале да пукаат. Меѓу убиените е и познат криминалец, кој во отсуство бил осуден на деветгодишна казна затвор. Двајца се државјани на Македонија, еден на Косово, а за четвртиот се уште се прави дополнителна проверка на идентитетот.