Масерот Рагми Арифовски кој е слеп, повеќе од две децении работи на Одделението за физикална медицина и рехабилитацијата во Куманово. Тој работи со лица кои претпреле мозочен удар.
Четириесетипетгодишниот масер Рагми Арифовски од Куманово повеќе од две децении на Одделението за физикална медицина и рехабилитација во Куманово пациентите и колегите го нарекуваат човек со златни раце, а тој се гордее со златниот медал од Светското првенство во голд-бол во Холандија.
„За масирање треба дарба, но масажата не може да биде успешна без учење, теоретско и практично. Јас основно училиште завршив во Скопје, а потоа Средно медицинско за физикална терапија и масажа во Белград. Успехот од масажите не зависи само од масерот.Најповеќе ги масирам шлогираните пациенти по мозочен удар. Ефектот е постигнат штом ќе застанат на нозе за свои потреби.“
Рагми ја опишува својата работа и додава:
„Се случува да се изненадам од резултатот, зашто кај тие пациенти најповеќе зависи од тежината на ударот и од нивната психичка способност да соработуваат со масерот.“
Рагми се занимава со спорет од мали нозе, а се уште редовно тренира.
„Голд-бол е спорт за слепи. Топката звечи, по звук се следи, се шутира и се брани. Во екипите сме по тројца.“
Во 1986-та година како дел од репрезентацијата на тогашна Југославија освоил златен медал.
„На Светско првенство во Холандија и еве повеќе од една година чекам од Агенцијата за млади и спорт да ми одобри спортска пензија, зашто ја заслужувам. За жал последните години македонската репрезентација со мојот спорт не е вклучена во УЕФА и ФИФА, но ние редовно тренираме и учествуваме на натпревари и турнири. Јас сум капитен на репрезентацијата на Македонија.“
За професионалниот однос кон пациентите на овој слеп и многу баран масер во Куманово, д-р Јордан Пачков, началник на Одделението вели:
„Тој има специфичности во мануелната масажа, огромно искуство, остава впечаток и коректен однос со пациентите. Емотивен е и сака да помогне и кога од него не се бара помош. Затоа и тројцата лекари од ова Одделение им го препорачуваат на пациентите.“
Пациентите на Рагми, пак, со одземен говор додека ги масира не можат ништо да му кажат. Тие со насмевка на лицето веројатно ја гледаат надежта во масерот. За жал, тој не може да ја види нивната насмевка.
„За масирање треба дарба, но масажата не може да биде успешна без учење, теоретско и практично. Јас основно училиште завршив во Скопје, а потоа Средно медицинско за физикална терапија и масажа во Белград. Успехот од масажите не зависи само од масерот.
За масирање треба дарба, но масажата не може да биде успешна без учење, теоретско и практично. Јас основно училиште завршив во Скопје, а потоа Средно медицинско за физикална терапија и масажа во Белград.
Рагми ја опишува својата работа и додава:
„Се случува да се изненадам од резултатот, зашто кај тие пациенти најповеќе зависи од тежината на ударот и од нивната психичка способност да соработуваат со масерот.“
Рагми се занимава со спорет од мали нозе, а се уште редовно тренира.
„Голд-бол е спорт за слепи. Топката звечи, по звук се следи, се шутира и се брани. Во екипите сме по тројца.“
Во 1986-та година како дел од репрезентацијата на тогашна Југославија освоил златен медал.
Се случува да се изненадам од резултатот, зашто кај тие пациенти најповеќе зависи од тежината на ударот и од нивната психичка способност да соработуваат
со масерот.