Достапни линкови

Јавното здравство неконкурентно


Болничка соба
Болничка соба

Реформите во јавниот здравствен сектор се спроведуваат со години, но очигледно без резултати. Според стручната јавност проблем е ограничениот буџет, а здравствените работници сметаат дека не е одредена суштината на реформите.

Реформите во болничкиот сектор треба да придонесат квалитетни здравствени услуги за граѓаните, но засега неможе да се види дека нешто е сменето во поглед на нивната конкурентност. Набавката на опремата се пролонгира подолго време, во меѓувреме со развивањето на приватниот сектор пациентите кои не се задоволни од болничката здравствена заштита во целост ја плаќаат услугата во некоја од од приватните болници. Владо Лазаревиќ од Институтот за социјална медицина кој се согласува дека неможе да се пофалиме
Владата се труди да ја подобри состојбата во болничката здравствена заштита
се реформи во овој сегмент, смета дека проблем е ограничениот буџет и посочува дека не е лесно да се спроведуваат реформи што ќе бидат популарни и прифатливи:

,,Владата се труди да ја подобри состојбата во болничката здравствена заштита. Тоа се прави преку програмите, преку набавката за опрема која се пролонгираше подолго време меѓутоа се очекува дека ќе се случи и преку трансформацијата која што е неминовно да се случи во државните болници, со цел тие да бидат конкурентни на приватниот болнички сектор."

Со цел да се намалат трошоците во јавното здравство, Владата претходно ја приватизираше Детската стоматологија, но под притисок на јавноста, ја промени оваа одлука и стоматологиите повторно се интегрираа во јавното здравство:
Не се гледа суштината. Додека не се реформира осигурителниот систем, значи она што е основно осигурување, додатно и екстра осигурување према расположливите средства


,,Реформите незначат секогаш дека тие се популарни реформи, туку напротив тие не секогаш се популарни, посебно во болничкиот сектор. Ние особено имаме ограничен буџет во болничкиот сектор и со тој ограничен буџет ние можеме да купиме ,,толку и толку" здравствени услуги, некаде ќе мора да се испушти ,,вентилот".

Професор д-р Тихомир Крцковски вели дека државата не успева да ги идентификува приоритетите во реформите бидејќи не постои национална стратегија. Според него проблем е и тоа што министрите за здравство се менуваат често, дури и пред истекот на нивниот мандат, односно на секои две години, што не е во интерес на континуитетот:

,,Не се гледа суштината. Додека не се реформира осигурителниот систем, значи она што е основно осигурување, додатно и екстра осигурување према расположливите средства. Второ, се создаде конкуренција, меѓутоа во таа конкуренција меѓу приватниот и јавниот сектор и сега се јавуваат други проблеми."

изјавува Крцковски.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG