Достапни линкови

Здравствени прегледи во Куманово


Куманово
Куманово

Во здравствениот дом во Куманово во тек е реализација на програми за здравствени прегледи на вработените,земјоделците и невработените

Од 2007-та година во нашата држава во примена е Законот за безбедноста и здравјето на работниците,а во Одделението на медицината на трудот при Здравствениот дом во Куманово во тек е реализација на програми за здравствени прегледи на вработените,земјоделците и невработените,вели др Светлана Краљевска специјалист по медицина на трудот.Таа објаснува дека со прегледите се утврдуваат
Доколку постојат штетности на одредени работни места најдобро е тие да се елиминираат.Ако не можат да се елиминираат,барем да се намали нивната штетност
професионалните заболувања и повреди на работа.

,,Доколку постојат штетности на одредени работни места најдобро е тие да се елиминираат.Ако не можат да се елиминираат,барем да се намали нивната штетност."

Смета др Краљевска и додава дека ова е една од овластените служби на јавното здравство во мрежата на одделенијата на медицината на трудот под ингеренции на Институтот на медицината на трудот во Скопје.А програмите се по европска директива за утврдување на здравствената состојба и на невработените и на земјоделците.За земјоделците др Краљевска вели:

,,Оваа популација треба да има здравсвтена контрола и да биде едуцирана бидејќи произведува храна.Во фирмите пак вработените се контролираат со систематски и периодични прегледи."

За прегледите на вработените во фирмите финансискиот надоместок го плаќаат работодавачите. Инаку Одделението на медицината на трудот во Куманово опремено е со најнов тип апарат, со кој се испитува:

,,Здравјето на видот,како и аудиометриско и спирометриско испитување,кое подразбира испитување на хроничните опструктивни болести кај вработените.Се врши и лабораториска анализа која е многу важна."

Од септември годинава ќе започне и контрола на здравјето на невработените. Овие здравствени услуги ќе бидат бесплатни, односно трошоците се на товарот на Министерството за здравство.Невработените се сметаат како еден вид специфична група.

,,И невработените се сметаат за работници.И тие се на пазарот на трудот и треба да им се овозможи да се вработат. Да се види нивната здравствена состојба,а за нив се предвидени и психолошки тестирања со кои се утврдува како невработеноста како стрес делува врз нивното здравје."

вели др Краљевска.

Инаку Куманово како најголема општина во државава со над 30 илјади невработени е една од водечките по бројот на невработените.Каква е нивната здравствена состојба ќе покажат анализите откако поголемиот број од невработените ќе ги извршат сите неопходни здравствени прегледи.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG