Денеска се прославува Денот на победата над фашизмот. Според аналитичарите, освен науката и владите и државите треба да се вклучат повеќе во репретставување на пораките и поуките што ги носи еден од поголемите настани во светската историја каков што е формирањето на антифашистичкото движење.
Во последните две децении Институтот за национална историја во помал обем објавува книги кои се однесуваат на Народноослободителната војна и антифашистичкото движење, но сега со поголема критичност во интерпретирањето на податоците. Сите оние теми кои во периодот на социјализмот од разни причини се прикриваа денеска се разгледуваат и истражуваат, вели Тодор Чепреганов, директор на Институтот за историја:
„Излегоа и книги преку кои што се расветлија и многу други прашања што постоеа, на пример Методија Андонов Ченто, Шарло, Панко Брашнаров и други, за кои што во периодот на социјализмот не се пишуваше.“
До периодот на осамостојување, во македонската историографија му се придаваше големо значење на антифашистичкото движење како и во сите социјалистички земји. Подоцна тој бран на изучувања и истражувања малку се намали и повеќе внимание се даде на национално-револуционерниот период и периодот на антиката. Причините за ова, историчарите ги објаснуваат со фактот дека овие теми не биле доволно застапени во тогашните учебници. Меѓутоа, и покрај тоа во сите програми по историја што беа направени, антифашистичката војна зазема посебно место и особено сега, антифашистичкото движење во текот на Втората Светска војна на македонскиот народ. Според аналитичарите, освен науката и владите и државите треба да се вклучат повеќе во репретставување на пораките и поуките што ги носи еден од поголемите настани во светската историја каков што е формирањето на антифашистичкото движење против силите кои се обидуваа да наметнат власт и управување што се косеше со човековите слободи и права:
„Обзнанувањето на тоа што беше тогаш, треба да биде повеќе упатено кон поуките што треба да се извлечат за наредните генерации и за тековните политики, отколку за тоа што било бидејќи тоа е одбележано веќе во низа книги, филмови и други пропагандни материјали“, Оценува Хисен Рамадани.
Според него, последните две децении, не само ние, туку и другите земји на Балканот, повеќе се ориентирани кон транзицијата отколку кон историските наслаги што ги остави фашизмот. Историската приказна за антифашистичката војна треба постојано да биде присутна во јавноста, нагласува Чепреганов
„За да не дојдат некои други сили, кои еден ден може и да заборават, како што имаме денеска негирање на Холокаустот над Евреите, па некој ќе рече, тоа воопшто не се ни случило, нема никаква врска.“
За 60-годишнината од победата над фашизмот, Институтот објави три тома документи за НОБ во Македонија, а научните работници заедно со оние од регионот за репресиите врз антифашистите во Втората светска војна во југоисточна Европа ќе разговараат на симпозиумот што ке се одржи во Словачка на есен.

Излегоа и книги преку кои што се расветлија и многу други прашања што постоеа, на пример Методија Андонов Ченто, Шарло, Панко Брашнаров и други, за кои што во периодот на социјализмот не се пишуваше.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5