Казни за пратениците што не присуствуваат на седници?

Собраниската сала

Пратениците кои не присуствуваат на собраниските седници, треба да бидат санкционирани, а за тоа постојат и механизми, сметаат експертите. Тие велат дека таквите мерки треба да ги преземат претседателот на Собранието и нивните партии. Само 25 пратеници од јуни до декември минатата година редовно присуствувале на седниците, покажува извештајот „Мој пратеник".
Има механизми со кои ќе се казнат пратениците кои не присуствуваат на седниците на Собранието, кои поради немање кворум се прекинуваат, велат експертите. Според нив, мерки треба да преземат нивните партии и претседателот на Собранието. Шестмина од пратениците никогаш не дискутирале во собраниската сала, а половина од нив тоа го сториле еднаш до два пати, покажуваат податоците од последниот извештај на „Мој пратеник“. Само 25 пратеници, од јуни до декември минатата година, редовно присуствувале на пленарната седница.
Пратениците, народот ги бира за тука да си седат и да работат. Тоа што некои не доаѓаат, тоа само значи дека едноставно тие луѓе работат само за некои привилегии што ги дава пратеничкото место, а не сакаат да бидат активни, не веруваат во работата на Парламентот.
Недостатокот на кворум е показател дека пратениците од мнозинството губат верба во својата работа и не може некој да ги принуди тие да ги следат седниците, вели Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието. Тие ја извршуваат функцијата само за да ги добијат привилегиите кои ги нуди местото во парламентот, вели тој.

Стојан Андов

„Пратениците, народот ги бира за тука да си седат и да работат. Тоа што некои не доаѓаат, тоа само значи дека едноставно тие луѓе работат само за некои привилегии што ги дава пратеничкото место, а не сакаат да бидат активни, не веруваат во работата на Парламентот. Не веруваат во корисноста на таа работа, инаку би доаѓале, би работеле.“

Избраниците на народот имаат уставна обврска да присуствуваат на седниците, бидејќи за тоа се платени, вели професорот Осман Кадриу. Неодговорно е, поради нивното отсуство, да се доведува во прашање работата на парламентот и тоа треба да го казни претседателот на Собранието, вели тој.

„Претседателот на Собранието да води сметка и да преземе конкретни мерки, а тие мерки се и намалување на платата покрај другите
Претседателот на Собранието да води сметка и да преземе конкретни мерки, а тие мерки се и намалување на платата покрај другите правни и политички
последици.
правни и политички последици, но на прво место треба да се воведе строга, јасна дисциплина што е предвидена и со Уставот и со законот.“

Андов, за разлика од Кадриу, вели дека одговорноста треба да ја сносат нивните политички партии.

„Пратениците што не доаѓаат на седници, а се наоѓаат на листа, по тие листи во другите земји не би гласале. Што ќе им се такви листи и такви пратеници, тоа е единствен излез да ги казнат партиите што имаат мнозинство, а не обезбедуваат мнозинство на седници. Така и ќе се случи.“

Македонското Собрание, годишно, за плати на пратениците троши речиси еден и пол милион евра, а за надоместоци за превоз предвидени се околу 800 илјади евра, според буџетот на собранието за 2010 година.