Министерот за одбрана Зоран Коњаноски се сретна со заменик помошникот на Секретарот за одбрана на САД задолжен за меѓународни безбедносни прашања Џозеф Мекмилан. Цел на посетата се петтите билатерални консултации на полето на одбраната, кои се одржуваат редовно на годишно ниво.
Министерот за одбрана Зоран Коњаноски изјави дека тие разговараат за идната соработка меѓу министерствата за одбрана на двете држави. Тој вели дека е задоволен од соработката во изминатиов период. Македонските војници од САД добиваа совети, опрема, обука и школување за синхронизирање на стандардите.
„Како резултат на таквата соработка со САД, денес на дело можеме да ги видиме македонските војници, рамо до рамо со американските, како учествуваат во одредени мисии во Авганистан. Тоа може со сигурност да се каже, дека Република Македонија е партнер на кој може да се верува.“
Коњаноски најавува дека и понатаму ќе инвестира во обуката на војниците, пред се да ја штитат територијата на Македониија, но и да учествуваат во мисии надвор од земјата.
Заменик-помошникот на Секретарот за одбрана на САД, Џозеф Мекмилан оцени дека е Македонија остварила значаен напредок на полето на одбраната. Тој вели дека ја цени посветеноста на Македонија во обезбедување на учество во мисиите надвор од земјата.
„Ова е доказ на посветеноста на Република Македонија во создавањето на еден стабилен, безбедеб и мирен свет, а во исто време е показател на одговорноста на Република Македонија и нејзината подготвеност да биде полноправна членка на НАТО.“
На средбата во Министерството за одбрана во Скопје присуствуваат и американскиот амбасадор Филип Рикер и амбасадорот на Македонија во САД Зоран Јолевски. Македонија е меѓу земјите со најмногу војници во Авганистан, ако се суди според бројот на жители и според бројноста на армијата.
Како резултат на таквата соработка со САД, денес на дело можеме да ги видиме македонските војници, рамо до рамо со американските, како учествуваат во одредени мисии во Авганистан. Тоа може со сигурност да се каже, дека Република Македонија е партнер на кој може да се верува.
„Како резултат на таквата соработка со САД, денес на дело можеме да ги видиме македонските војници, рамо до рамо со американските, како учествуваат во одредени мисии во Авганистан. Тоа може со сигурност да се каже, дека Република Македонија е партнер на кој може да се верува.“
Коњаноски најавува дека и понатаму ќе инвестира во обуката на војниците, пред се да ја штитат територијата на Македониија, но и да учествуваат во мисии надвор од земјата.
Заменик-помошникот на Секретарот за одбрана на САД, Џозеф Мекмилан оцени дека е Македонија остварила значаен напредок на полето на одбраната. Тој вели дека ја цени посветеноста на Македонија во обезбедување на учество во мисиите надвор од земјата.
Ова е доказ на посветеноста на Република Македонија во создавањето на еден стабилен, безбедеб и мирен свет, а во исто време е показател на одговорноста на Република Македонија и нејзината подготвеност да биде полноправна членка на НАТО.