Радикалани групи има насекаде во светот, ни Македонија не е исклучок од тоа, изјави министерот за надворешни работи на Израел, Авигдор Либерман при неговата посета на Македонија. Тој рече дека за надминување на спорот за името со Грција се потребни директни разговори меѓу двете земји и изрази надеж за скорешен влез на Македонија во ЕУ и НАТО.
Нападите во московското метро, секојдневните бомбашки напади во Пакистан и Авганистан, нападите во Сомалија, Ирак, обидот пред некој ден за напади во Њујорк, само потврдуваат дека тероризмот е распространет насекаде, вели Либерман. Тој, сепак, посочува дека најголемите закани за безбедноста во светот не доаѓаат од Балканот.
„Ги посетив лично Источна Африка, Западна Африка, Јужна Америка и секое место каде има пенетрација на радикални групи. Ние ја следиме сосотојбата и одблиску го следиме овој нов феномен, во целиот свет, вклучувајќи го и Балканот. Но, денеска Балканот е многу постабилен, а Македонија е добар пример за земја која придонесува за стабилноста не само на Балканот, туку и во Ирак, Авганистан, што е многу важно за постигнување на целта - безбедност во светот.“
Либерман, на почетокот на годинава, ги предупреди македонските власти дека Балканот е следната дестинација на која Исламскиот Џихад се обидува да се етаблира и да формира инфраструктура. Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски го осуди настанот кај Блаце кога беше запленето поголемо количество оружје и полицијата имаше престрелка со луѓето кои го чувале оружјето.
„За екстремизмот нема место, институциите функционираат, сметам дека безбедносната состојба и реакциите на полицијата тоа и го потврдуваат.“
Делегацијата од Израел денеска се среќава со македонскиот политички врв. Средбите се посветени пред се на економската соработка меѓу двете земји, но станало збор и за нерешениот спор за името, меѓу Македонија и Грција. Милошоски вели дека постои политичка волја на македонска страна проблемот да се реши.
Либерман вели дека за надминување на проблемот се потребни директни преговори меѓу двете земји.
„Јас мислам дека за овој вид на проблем, најдобро решение е посветен дијалог. Мислам дека односите мегу двете земји се стабилни. Ќе бидеме среќни ако продолжите со дијалогот и можеби сега е најдобро време да се реши тој проблем и се надеваме Македонија наскоро да влезе во ЕУ и НАТО.“
Освен економијата двете страни се договориле да ја интензивираат и соработката во делот на земјоделието, образованието и воената соработка.
Денеска Балканот е многу постабилен, а Македонија е добар пример за земја која придонесува за стабилноста не само на Балканот, туку и во Ирак, Авганистан, што е многу важно за постигнување на целта - безбедност во светот.
„Ги посетив лично Источна Африка, Западна Африка, Јужна Америка и секое место каде има пенетрација на радикални групи. Ние ја следиме сосотојбата и одблиску го следиме овој нов феномен, во целиот свет, вклучувајќи го и Балканот. Но, денеска Балканот е многу постабилен, а Македонија е добар пример за земја која придонесува за стабилноста не само на Балканот, туку и во Ирак, Авганистан, што е многу важно за постигнување на целта - безбедност во светот.“
Либерман, на почетокот на годинава, ги предупреди македонските власти дека Балканот е следната дестинација на која Исламскиот Џихад се обидува да се етаблира и да формира инфраструктура. Министерот за надворешни работи на Македонија, Антонио Милошоски го осуди настанот кај Блаце кога беше запленето поголемо количество оружје и полицијата имаше престрелка со луѓето кои го чувале оружјето.
„За екстремизмот нема место, институциите функционираат, сметам дека безбедносната состојба и реакциите на полицијата тоа и го потврдуваат.“
Јас мислам дека за овој вид на проблем, најдобро решение е посветен дијалог. Мислам дека односите мегу двете земји се стабилни. Ќе бидеме среќни ако продолжите со дијалогот и можеби сега енајдобро време да се реши тој проблем и се надеваме Македонија наскоро да влезе во ЕУ и НАТО