Времето на Грција и „бега“

Преставниците на ЕУ и ММФ во Атина

Членките на евро зоната на 10 мај ќе одржат самит за програмата за заем на Грција. На пакетот за помош вреден 45 милијарди евра се противи Германија. Во меѓувреме во американскиот Сенат се врши сослушување за активностите на престижната Голдман енд Сач – банка за која се врши истрага и во Европа и која е вмешана во грчката финансиска криза.
Времето за Грција да добие помош и да избегне фијаско со меѓународните долгови тече или со други зборови изминува.
Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстатину за грчката телевизија изјави.

/>
„Ако нешто научивме за Европа – тоа е како таа работи. Европа нема брзи рефлекси, но секогаш е тука дури и во последната минута. Ситуацијата е позната. Има одложување од Германија, но сите знаат дека нема време за натамошни одложувања.“

Претседателот на Европската унија Херман Ван Ромпуј изјави дека преговорите за надминување на кризата со Грција се на добар пат. Шефот на ММФ Доминик Штраус Кан, пак, ја предупреди Грција дека треба да се прифати оти средувањето на ситуацијата со нејзините финансии ќе биде болно и тешко.

Одговорот се наоѓа во Германија.

Германскиот Канцелар Ангела Меркел


На пакетот за помош на Грција во вредност од 45 милијарди евра засега се противи Берлин, бидејки смета дека тоа ќе биде преголем товар за германската економија, но Германците исто така не сакаат да даваат пари за покривање туѓи грешки и без натамошно обезбедување. Канцеларот на земјата најголем контрибутор за излез од кризата Ангела Меркел изјави дека Берлин ни со цент нема да и помогне на Атина доколку Грците не излезат со повеќегодишен кредибилен план за излез од кризата.

„Јас сум многу јасна. Германија ќе помогне ако се исполнат предусловите. За тоа се потребни денови мирни и решителни преговори. Ние сме одговорни за стабилноста на еврото, но и Грција треба да го направи својот дел.“

Дополнителни неповолни вести за Еврозоната.

Рејтинг агенцијата „Стандард енд Пур“ го намали за три степени кредитниот рејтинг на Грција, односно до категорија на шпекулативни инвестиции или таканаречен „џанк“ долг со висок ризик. Преходно, агенцијата за два степена го намали и кредитниот рејтинг на Португалија. Намалувањето на рејтингот значи дека Атина ќе плаќа повеќе камати за своите заеми, доколку одлучи повторно да излезе на должничките пазари.



„Всушност тоа значи дека потребите за рефинансирање од грчката држава се големи и дека надминуваат 300 милијарди евра“, изјави аналитичарот Василис Валастаркис.

Во меѓувреме, во американскиот Сенат се врши истрага за активностите на престижната Голдман енд Сач банка за која се врши истрага и во Европа и која е вмешана во грчката финансиска криза. Голдман и Сач е една од Банките кои во изминатава деценија и помогаше на Грција да го покрива растечкиот национален долг но тоа засега изгледа дека е во согласност со правилата на Еврозоната.