Недостиг на млеко

По аферата со Сведмилк, но и како последица на ниските откупни цени млекарите го преполовија сточниот фонд и ги продадоа кравите, поради што се појавува недостиг од млеко. Според одредени проценки, млекопроизводството е намалено за милион литри, количини кои сега преработувачките капацитети ги увезуваат од странство, претежно од Србија.
Пелагонија годинава нема да се соочи со млечна криза од вишок на млеко како што беше случај скоро секоја пролет поради зголемената лактација кај кравите. Фармерите сега се соочуваат со обратна криза, поточно со недостиг на млеко. Ваквата состојба велат дека е предизвикана со аферата „Сведмилк“, по што го преполовиле сточниот фонд и најголемиот дел од кравите ги продале за Косово и
Во Жабени моментално има 2,5 тони млеко, а претходно имаше 5 тони. Сосема е намалено и уште ќе се намалува ако се продолжи со
овие цени.
Албанија, но и како последица на ниските откупни цени од другите млекарници. Според одредени проценки млекопроизводството е намалено за милион литри, количини кои сега преработувачките капацитети ги увезуваат од странство, претежно од Србија.

„Нема млеко, кравите се преполовени. Кравите отидоа за Косово и Албанија. Секој ден вртат камионите, купуваат крави. Убава крава ја купуваат за 1100 до 1200 евра. Пред десет години ние купувавме крави од Албанија, сега се сврте тркалото тие купуваат крави од кај нас. Во Жабени моментално има 2,5 тони млеко, а претходно имаше 5 тони. Сосема е намалено и уште ќе се намалува ако се продолжи со овие цени. Од 12,5 до 15 денари за литар. Ние петмина го тураме во ист казан (лактофризер), а имаме разлика во цените. Зема проба од казанот, на едниот му го плаќа 12,50 на другиот 12,80, а на третиот 14 денари. Исплаќаат според личности, а не според квалитетот“, вели Неџмедин Елмазов од село Жабени.
Млекопроизводството
се намалува со пропаѓањето на Сведмилк. Укажувавме ние сточарите дека сточниот фонд е преполовен.


„Млекопроизводството се намалува со пропаѓањето на Сведмилк. Укажувавме ние сточарите дека сточниот фонд е преполовен. Битолска млекарница гледаме дека увезува млеко. Гледаме дека од 9 до 11 денари плаќа литар млеко. Од Министерството за земјоделие имаме точни информации дека 500 апликанти за октомври, ноември и декември минатата година во споредба со 2008-ма пријавиле помалку милион литри млеко за субвенции“, изјави Душко Илиевски, фармер од Битола.

Млекарниците тврдат дека родот го плаќаат според кавлитетот и откупната цена достига до 19 денари. Од Битолската признаваат дека изминатите месеци направиле увоз од Србија заради недостиг на квалитетно домашно млеко. За разлика од изминатите години, сега за првпат млекарниците ги зголемуваат количините на откупено домашно млеко за време на лактација. До лани во овие периоди заради вишоците се правеа рестрикции во откупот и паѓаа откупните цени.