Измените во Комитетот за односи меѓу заедниците неприфатливи за ДУИ

Предлогот за измени во Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците што го поднесе Нова демократија е неприфатлив за ДУИ. Сепак, во владејачката партија од албанскиот блок се подготвени да разговараат за модалитети со кои би се спречила можноста да се блокира работата на Комитетот.
Нова демократија предлага, кворум за работа на Комитетот да се овозможи со просто мнозинство, наместо како сега со двотретинско. Пратеникот Сулејман Рушити од Нова демократија вели дека работата на Комитетот е блокирана поради тоа што владејачката партија
Целта на предложената измена на Нова Демократија е да се деблокира, односно да започне со работа Комитетот, бидејќи сведоци сме дека Комитетот за многу чувствителни работи Комитетот беше блокиран.
нема политичка волја да разговара за прашања битни за меѓуетничките односи.

„Целта на предложената измена од страна на Нова Демократија е да се деблокира, односно да започне со работа Комитетот, бидејќи сведоци сме дека Комитетот за многу чувствителни работи Комитетот беше блокиран односно не се дебатираше.“

Комитетот за односи меѓу заедниците има 19 членови – по седум Албанци и Македонци и по еден претставник од турската, ромската, српската, влашката и бошњачката заедница. За да се обезбеди кворум за работа треба да бидат присутни 13 членови, односно да има барем еден Македонец и барем еден Албанец.

Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ, кој е и претседател на Комитетот, вели дека предлогот на Нова демократија е неприфатлив затоа што е во спротивност со филозофијата на постоењето на Комитетот.
Предложената измена го елиминира механизмот за заштита од мајоризацијата. Цензусот од просто мнозинство присутни во работните седници на Комитетот и ја елиминира потебата за постоење на ова тело, затоа што било која поголема заедница, албанска или македонска секогаш може да формира мнозинство и да изгласа одлуки без поддршка од другата заедница.
Џевад Адеми - ДУИ

„Предложената измена го елиминира механизмот за заштита од мајоризацијата. Цензусот од просто мнозинство присутни во работните седници на Комитетот и одлучувањето со просто мнозинство ја елиминира потебата за постоење на ова важно тело, затоа што било која поголема заедница, албанска или македонска секогаш може да формира мнозинство и да изгласа одлуки без поддршка од другата заедница.“

Според предлогот на Нова демократија, Комитетот ќе може да работи со десет присутни членови, и одлуките ќе може да ги носат тие десет членови. Така ќе има можност да се расправа и да се одлучува без ниту еден Албанец, односно без ниту еден Македонец.

Адеми вели дека би можеле да разговараат за некакви измени, но при тоа не смее законот да овозможи една од двете најголеми заедници да биде надгласувана.

Во неколку наврати претходно, Комитетот не можеше да обезбеди кворум да расправа за проектот Скопје 2014 и други прашања битни за меѓуетничките односи. Сепак, блокадата не беше, условно кажано, етничка, туку политичка. На состаноците не присуствуваа членовите на ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на помалите етнички заедници.
Според дел од експертите со кои разговаравме, подобро е да има долги политички натегања, отколку да се овозможи етничко надгасување во Комитетот.

Предлогот на Нова демократија не беше прифатен на комисиска расправа. Предлогот е ставен на дневен ред на собраниска седница, но извесно е дека нема да биде подржан.