Спелеолошка средба

Средба на спелеолози од Балканот

Во селото Белица во националниот парк Јасен се оддржа средба на спелеолошките федерации од Балканот. Целта на средбата беше размена на искуства за заштита на пештерите и зачувување на нивото на спелеологијата.
Запознавање, размена на искуства, едукација на спелеолозите и работа на заеднички проекти беа темите на тридневната средба на спелеолошките федерации, членки на Балканскиот спелеолошки сојуз, што се одржа во селото Белица во националниот парк Јасен.

„Целта на цело ова случување, всушност е да се разменат искуства, да се постигнат добри контакти и врски за да може нивото на спелеологијата и заштитата на подземјето што повеќе да се засили“, изјави Дарко Бакшиќ, претставник на хрватското спеолошко друштво.
Целта на цело ова случување, всушност е да се разменат искуства, да се постигнат добри контакти и врски за да може нивото на спелеологијата и заштитата на подземјето што повеќе да се засили.


Гостите се запознаа со дел од убавините и природните богатства на нашата држава. А, како што истакнуваат од Федерацијата на спелеолози во Македонија има истражени вкупно 800 пештери, но сепак постојат огромни неоткриени богаства со бесценети пештерски украси кои допрва треба да се истражат. Освен тоа нашата држава располага со околу 15 пештерски цркви кои датираат од 12 до 15 век и тоа во регионите на Струшко, Кавадаречко и Велешко каде ќе биде фокусирана активноста на спелеолозите, зашто овие локалитети ќе бидат дел од спелеолошката, но и туристичка мапа на Македонија.

„Сега престои и друга експедиција оваа година, на испитување на изворот на Бабуна. Таму има пештери исто каде што има сув дел, па подводен и повторно сув дел, значи тоа мораме да го правиме во комбинација со другите спелеолози,со сувите спелеолози“, истакнува Киро Ангелески, член на екипата која што ја истражуваше пештерата Врело и еден од неколкутемина спелеонуркачки во Македонија.

Сепак, да се стават сите овие богатства во фунцкија неопходно е како што велат спелеолозите најпрвин клубовите да се консолидираат, да се мотивира и едуцира млад кадар за овој вид спорт,кој сепак и е многу потребен на државата.

„Законската основа да се регулира до крај, да го направиме катастарот еднаш веќе на пештерите во Македонија кои ги има. Во моментов изработувам веб-сајт кој ќе треба да ги содржи сите информации, ние засега немаме таков сајт во кој можете да ги најдете пештерите кои ние ги знаеме каде се наоѓаат, што се нивните вредности“, вели Гордана Јанакиеска претседател на Федерација на спелеолози на Македонија.

Следната средба на спелеолозите ќе се одржи во Бугарија, како што најавува Алексеј Жалов, секретарот на балканскиот спелеолошки сојуз.

„Сега во мај Бугарија е домаќин на балканска експедиција каде ќе се истражува еден реон и нови пештери ќе се истражуваат.“

Инаку, во Македонија фунцкионираат 5 клуба со повеќе од 100 спелеолози. Младите покажуваат интерес за оваа наука, но оној што сака да се занимава во овој вид скап спорт треба да оддвои поголема сума пари, затоа што само еден комплет современа опрема без која не се може, чини повеќе од 1000 евра.