Македонија годинава се поприсутна низ светските тв канали. Првиот спот со микс од археологија, традиција и природни реткости, со прекршувањето на историјата на овие балкански простори го направи Милчо Манчевски. Во неделите зад нас тој е заменет со кадрите за туристичките атракции сликани во сторијата од Игор Иванов- Изи. „Македонија вечна“ втор дел - дали со насловот, слоганот, или брзината на телевизиските клипови може да ја доловиме сликата за една мала земја на испреплетениот Балкан. Режисерот на најновиот спот ,,Од и за Македонија“ Игор Иванов Изи вели:
„Македонија се наоѓа во специфична политичка и економска ситуација и има конфликти со речиси сите од соседите и поради тоа заМакедонија е многу значајно, прво да се етаблира како име, како држава која постои на географската мапа. Многу често кога патуваме надвор од нашата преубава земја, многу често се случува луѓето да не знаат каде таа се наоѓа. Затоа сметам дека промоцијата на Македонија на Си Ен Ен е успешна.“
„Овие спотови, сметам дека се добра работа затоа што за прв пат ја ставаат Македонија на мапата на светот, но тоа не е доволно.“
Оценува и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.
Познатиот театарски режисер Александар Поповски годинава во Љубљана ја остави публикатга без здив. Од таму ја влече и паралелата. Словенија дежела моја – со ваков слоган од пред две децении оваа екс ју-држава се промовираше како нов европски партнер и успеа. Македонија ниту денес нема свој пишан, одсликан или изговорен слоган – со која би била препознатлива, оценува режисерот Поповски.
„Кога ќе се дефинираме сами себе, тогаш многу полесно ќе биде да дадеме одговор за нашата промоција и кон соседите и воопшто, вака со постојано редефинирање на земјава мислам дека ние неможеме да пласираме јасна порака. Ние никогаш не прецизиравме што точно промовираме, со 15 слогана никој неможе да се промовира.“
Во серијата македонски спотови низ светски канали, Би-Би Си прикажа документарен филм за Крушево. Деновиве македонските природни реткости добија и или ќе бидат прикажани како атракции за европските или светски еколошки мапи. Истражувањата на пештерата Врело на Матка...
„Голем дел од документарецот ќе биде за Матка и нејзините убавини, и посебно пештерата Врело. Филмот ќе се продуцира во Италија и мислам дека многу ќе значи за развој на туризмот во Македонија.“
Изјави Васил Соколов од спелеонуркачкиот клуб „Врело“.
„Македонија се наоѓа во специфична политичка и економска ситуација и има конфликти со речиси сите од соседите и поради тоа за
Многу често кога патуваме надвор од нашата преубава земја, многу често се случува луѓето да не знаат каде таа се наоѓа. Затоа сметам дека промоцијата на Македонија на Си Ен Ен е успешна
„Овие спотови, сметам дека се добра работа затоа што за прв пат ја ставаат Македонија на мапата на светот, но тоа не е доволно.“
Оценува и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.
Познатиот театарски режисер Александар Поповски годинава во Љубљана ја остави публикатга без здив. Од таму ја влече и паралелата. Словенија дежела моја – со ваков слоган од пред две децении оваа екс ју-држава се промовираше како нов европски партнер и успеа. Македонија ниту денес нема свој пишан, одсликан или изговорен слоган – со која би била препознатлива, оценува режисерот Поповски.
„Кога ќе се дефинираме сами себе, тогаш многу полесно ќе биде да дадеме одговор за нашата промоција и кон соседите и воопшто, вака со постојано редефинирање на земјава мислам дека ние неможеме да пласираме јасна порака. Ние никогаш не прецизиравме што точно промовираме, со 15 слогана никој неможе да се промовира.“
Кога ќе се дефинираме сами себе, тогаш многу полесно ќе биде да дадеме одговор за нашата промоција и кон соседите и воопшто