Во дводневна официјална посета на Македонија е претседателот на Албанија Бамир Топи. Тој претпладнето имаше средба со неговиот македонски колега Ѓорѓе Иванов. Албанија ветила поддршка за приклучувањето на Македонија во НАТО. Топи се осврна и на Рамковниот договор, оценувајќи дека со него се овозможува рамноправност на сите граѓани во Македонија.
Добрите односи меѓу Македонија и Албанија и честите контакти што истите ги потврдуваат, поддршката што двете земји си ја даваат на нивните евро атлантски патишта, како и состојбата во регионот, беа главни теми за кои разговараа претседателот Ѓорѓе Иванов и неговиот албански колега Бамир Топи кој од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија.
Македонија ќе ја понуди сета помош Албанија да добие визна либерализација, а воедно со евро атлантската интеграција, Македонија чека од Албанија да ја помогне да го добие она што го заслужува, рече претседателот Иванов, надевајќи се дека Албанија нема да има такви пречки на патот кон ЕУ.
Претседателот Топи рече дека Македонија и Албанија имаат инзвонредно значајна улога во регионот и изрази уверување дека Албанија целосно го поддржува зачленувањето на Македонија во НАТО и ќе даде целосен придонес на тој пат.
Ова е шести пат како двајцата претседатели се среќаваат. Топи рече дека косовскиот претседател Сејдиу упатил покана за одржување на нова регионална претседателска средба меѓу претседателите на Македонија, Албанија и Црна Гора како онаа во Подгорица и таа ќе се одржи во јуни во Призрен.
Топи се осврна и на Рамковниот договор, оценувајќи дека е Договор којшто е спроведен од сите политички партии и овозможува еднаквост на сите граѓани во Македонија.
За време на посетата, претседателот Топи покрај средбата со неговиот домаќин Иванов ќе се сретне и со претседателот на Собранието Трајко Вељановски и премиерот Никола Груевски. Топи ќе има обраќање и пред пратениците во македонското собрание. Шефовите на двете држави Иванов и Топи ќе имаат обраќање и на македонско албанскиот бизнис форум што ќе се одржи во Скопје, со цел да се интензивираат економските односи меѓу Македонија и Албанија. Во агендата на претседателот Топи се и средбите со лидерите на ДУИ, ДПА, и Ноца Демократија, како и со претседателот на СДСМ.
Македонија ќе ја понуди сета помош Албанија да добие визна либерализација.
Македонија ќе ја понуди сета помош Албанија да добие визна либерализација, а воедно со евро атлантската интеграција, Македонија чека од Албанија да ја помогне да го добие она што го заслужува, рече претседателот Иванов, надевајќи се дека Албанија нема да има такви пречки на патот кон ЕУ.
Албанија целосно го поддржува зачленувањето на Македонија во НАТО и ќе даде целосен придонес на тој пат.
Претседателот Топи рече дека Македонија и Албанија имаат инзвонредно значајна улога во регионот и изрази уверување дека Албанија целосно го поддржува зачленувањето на Македонија во НАТО и ќе даде целосен придонес на тој пат.
Ова е шести пат како двајцата претседатели се среќаваат. Топи рече дека косовскиот претседател Сејдиу упатил покана за одржување на нова регионална претседателска средба меѓу претседателите на Македонија, Албанија и Црна Гора како онаа во Подгорица и таа ќе се одржи во јуни во Призрен.
Рамковниот договор овозможува еднаквост на сите граѓани во Македонија