МНР не ги коментира зачестените изјави на алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Димитрис Друцас дека Северна Македонија може да биде решение за името за целосна употреба. Експертите во изјавите гледаат зголемен притисок врз Македонија со набллижувањето на крајот на шпанското претседателство со ЕУ.
Македонските власти се фокусирани на тоа што ќе донесе новата рунда преговори под медијаторство на посредникот во спорот за името Метју Нимиц. Се чека закажување на точниот датум на средбата којашто најверојатно нема да го смени најавениот формат да бидат повикани двајцата преговарачи, велат од министерството за надворешни работи. Дали медијаторот ќе понуди нови идеи откако ги слушна двете страни при посетата на регионот, останува да се види додаваат оттаму. Во меѓувреме немаат потреба да ги кометнтираат зачестените настапи на алтернативниот шеф на дипломатијата Димитрис Друцас, за кои велат се постојано исти и ја демонстрираат непороменетата и позната позиција на грчката страна.
Северна Македонија може да биде решение за името, кое што треба да добие целосна примена. Ако за тоа се потребни и уставни измени, тие треба да се направат, изјави Друцас во последното интервју. Овие изјави би можеле да се толкуваат и како пробни балони и поткревање на степенот на притисок во период кога се заострува временскиот теснец за изнаоѓање решение за спорот за името, коментира поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле:
„Сметам дека Грците сега го креваат притисокот врз нас еден степен повеќе бидејќи наближува крајот на шпанското претседателство и се изострува обврската да се најде некакво решение“, вели Чашуле.
Тој додава и дека евентуалните реакции од македонска страна на ваквите изјави би биле само контрапродуктивни, со оглед на отсуството на единствен став во државата во поглед на ова прашање:
„Нашата реакција е меѓусебно карање. Меѓусебното карање му дава на Друцас, од една до друга до трета изјава да ја отвора стратегијата на Грција која одамна е сосема јасна, дека за нив промената на името треба да биде сеопфатна.“
И покрај оптимизмот на медијаторот по последната посета на регионот и покрај обидите да се испратат позитивни сигнали за меѓусебните контакти и преку неодамнешната директна средба Груевски – Папандреу во Брисел, реториката меѓу двете страни се заострува. Друцас во последните изјави го повика македонскиот премиер на одговорност дека ја изолира земјата од евро - интеграциите доколку не биде прифатен предлогот. Освен познатите ставови, дека ова е повторување на грчкиот обид да се наметне диктат, од МНР потсетуваат и на минатонеделната изјава на шефот на дипломатијата по повод неодамнешниот инцидент што го предизвика грчката крајбрежна гарда: дека грчката политичка елита, едно говори, а друго работи.
Сметам дека Грците сега го креваат притисокот врз нас еден степен повеќе бидејќи наближува крајот на шпанското претседателство и се изострува обврската да се најде некакво решение,
Северна Македонија може да биде решение за името, кое што треба да добие целосна примена. Ако за тоа се потребни и уставни измени, тие треба да се направат, изјави Друцас во последното интервју. Овие изјави би можеле да се толкуваат и како пробни балони и поткревање на степенот на притисок во период кога се заострува временскиот теснец за изнаоѓање решение за спорот за името, коментира поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле:
Нашата реакција е меѓусебно карање. Меѓусебното карање му дава на Друцас, од една до друга до трета изјава да ја отвора стратегијата на Грција која одамна е сосема јасна, дека за нив промената на името треба да биде сеопфатна.