Во МНР информираат дека се уште нема закажано средба на посредникот на ОН во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц и македонскиот и грчкиот преговарач Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.
Претходно беше најавувано дека таква средба ќе се одржи до крајот на март, но месецов завршува без најава за средба. Меѓународниот фактор постојано повторува дека спорот за името може да се реши до средината на годинава, кога завршува шпанското претседателство со ЕУ. Од друга страна, домашната јавност е се повеќе скептична дека до јуни ќе има решение.
Најголем дел од посетителите на нашата Интернет страница сметаат дека спорот за името не може да го реши никој.
На анкетното прашање „Кој може да го реши спорот за името?“, речиси половина од читателите одговориле дека никој не може да го реши спорот. Секој четврти испитаник смета дека спорот може да го реши актуелната влада, околу 15 отсто сметаат дека решение може да донесе техничка влада, а 10 отсто од читателите што одоговориле на прашањето, сметаат дека опозицијата може да го реши спорот.
Од друга страна, домашните експерти велат дека, без поактивно вклучување на меѓународната заедница, решение е речиси невозможно.
Професор Ивица Јосифовиќ вели дека вклучувањето на ЕУ во решавање на спорот е побавно затоа што таму треба да се усогласат 27 држави кои имаат и различни надворешни политики.
„Иако сметам дека ЕУ може многу побрзо да го реши спорот отколку самите САД. ОН ги тргнувам дефинитивно на страна од процесот на решавање на спорот, бидејќи тие се само технички вклучени во процесот, односно кај нив доаѓа само конечното усвојување на конечна резолуција.“
На домашен план, тој вели дека можеби е најдобро да се состави техничка влада што ќе треба да го реши спорот. Власта не сака да прифати одговорност и затоа инсистира на референдум, а опозицијата вели „го прифаќаме секое решение што е прифатливо за власта“, за да им ја префли одговорнонста исклучиво на нив, вели Јосифовиќ. Затоа, вели тој, можеби е најдобро одговорноста да ја преземе техничка влада.
„Прво и основно е што ние треба да создадеме наш внатрешен консензус, меѓу политичките партии за да може после заеднички да настапат. Ние таков консензус со политичките партии во моментов немаме.“
Од друга страна, политикологот Хисен Рамадани вели дека проблемот е многу посложен, отколку што се мисли. Рамадани се сомнева дека, и да има некакво решение, граѓаните би го прифатиле на референдум.
Притисокот од меѓународната заедница може да биде и поголем, но и тие сфатија дека тоа не е толку едноставно, вели Рамадани.
„Мислам дека во овој момент нема таков чинител кој би можел со сигурност да пристапи кон решавање, и решението не да биде само прифатливо, туку и да создава општествен мир и стабилност.“
Рамадани вели дека решение нема да има се додека Грција не се согласи да ја прифати двојната формула. Само тоа решение може да донесе мир и стабилност, вели тој.
Иако сметам дека ЕУ може многу побрзо да го реши спорот отколку самите САД. ОН ги тргнувам дефинитивно на страна од процесот на решавање на спорот, бидејќи тие се само технички вклучени во процесот, односно кај нив доаѓа само конечното усвојување на конечна резолуција.
Претходно беше најавувано дека таква средба ќе се одржи до крајот на март, но месецов завршува без најава за средба. Меѓународниот фактор постојано повторува дека спорот за името може да се реши до средината на годинава, кога завршува шпанското претседателство со ЕУ. Од друга страна, домашната јавност е се повеќе скептична дека до јуни ќе има решение.
Најголем дел од посетителите на нашата Интернет страница сметаат дека спорот за името не може да го реши никој.
На анкетното прашање „Кој може да го реши спорот за името?“, речиси половина од читателите одговориле дека никој не може да го реши спорот. Секој четврти испитаник смета дека спорот може да го реши актуелната влада, околу 15 отсто сметаат дека решение може да донесе техничка влада, а 10 отсто од читателите што одоговориле на прашањето, сметаат дека опозицијата може да го реши спорот.
Од друга страна, домашните експерти велат дека, без поактивно вклучување на меѓународната заедница, решение е речиси невозможно.
Професор Ивица Јосифовиќ вели дека вклучувањето на ЕУ во решавање на спорот е побавно затоа што таму треба да се усогласат 27 држави кои имаат и различни надворешни политики.
„Иако сметам дека ЕУ може многу побрзо да го реши спорот отколку самите САД. ОН ги тргнувам дефинитивно на страна од процесот на решавање на спорот, бидејќи тие се само технички вклучени во процесот, односно кај нив доаѓа само конечното усвојување на конечна резолуција.“
На домашен план, тој вели дека можеби е најдобро да се состави техничка влада што ќе треба да го реши спорот. Власта не сака да прифати одговорност и затоа инсистира на референдум, а опозицијата вели „го прифаќаме секое решение што е прифатливо за власта“, за да им ја префли одговорнонста исклучиво на нив, вели Јосифовиќ. Затоа, вели тој, можеби е најдобро одговорноста да ја преземе техничка влада.
Мислам дека во овој момент нема таков чинител кој би можел со сигурност да пристапи кон решавање, и решението не да биде само прифатливо, туку и да создава општествен мир и стабилност.