Како да станува практика, на претходно донесените законски решенија поради неприменливост да им се бара ублажена алтернатива. Последни во низата се одредбите од новиот правилник на МВР во секое патничко возило да има еден противпожарен апарат од 2 килограми или законот за пушењето. Во двата случаи, набрзо по донесувањето беше најавено преиспитување на претходно донесените закони и нивно надополнување до нивна поблага форма. Експертите велат дека зад ваквата пишман политика би можеле да стојат повеќе причини. Од една страна набрзина и нетранспарентно носење на одлуките и законите, а потоа и нивното прилагодување според расположението на јавноста којашто го гради рејтингот на владејачката гарнитура.
„Дел од причините се должат на јавното незадоволство за тие закони. А, втората можност која не треба да се запостави е дека се работи за стратегија. Имајќи предвид дека владата некој закон против пушењето мора да спроведува, прво го најавува многу поригорозно, ние сите се буниме, и после кога ќе го ублажи законот и поминува многу полесно“, вели комуникологот Петар Арсовски.
Тој вели дека ваквите закони коишто се однесуваат на промена на јавната свест како што е законост за пушењето или носењето противпожарни апарати во автомобилите, воообичаено се носат и со поддршка на една јавна кампања, но дека таа во овие случаи каде што и е местото слабо се користи токму поради веќе потрошенит кредит од страна на Владата да го рекламира веќе сработеното. Од друга страна нетранспарентноста во донесувањето на законите и честопати нивното пресликување од европската законодавна практика без да се внимава на реалноста во којашто треба да се применат создава дел од проблемите, е на мислење аналитичарот Алберт Муслиу.
„И во ЕУ не се сите законски решенија унифицирани, така што ако на пример го земеме законот за пушење, не се преслика некое полиберално законско решение од ЕУ, туку најрестриктивните. И ние станавме поевропјани за пушењето од ЕУ.“
Во крајна линија не треба да се занемарат, вели Муслиу и многу важните дневнополитички и економски мотиви. Кренатата бура околу некои прашања како што е законот за пушењето или одлуката за задолжително носење противпожарни апарати во автомовбилите успева за подолго време да ја дефокусира јавноста од клучните теми врзани за евроинтеграциите и решавањето на внатрешни, надворешнополитички и економски прашања.
Дел од причините се должат на јавното незадоволство за тие закони. А, втората можност која не треба да се запостави е дека се работи за стратегија. Имајќи предвид дека владата некој закон против пушењето мора да спроведува, прво го најавува многу поригорозно, ние сите се буниме, и после кога ќе го ублажи законот и поминува многу полесно.