Јуни е периодот кога завршува шпанското претседавање со ЕУ, рок кој што се зададе за решавање на спорот за името и продолжување на евроинтеграциите на Македонија. Шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос најави посета на земјата во текот на месецов, а домашните експерти тоа го толкуваат како дел од меѓународните притисоци за решение на спорот.
Со непроменет и упорен оптимизам меѓународните претставници го очекуваат крајот на уште еден од неколкуте рокови коишто и се задаваат на Македонија да го реши прашањето за името коешто ги спречува нејзините евроинтеграции. Нагласен оптимизам во своите последни изјави даде и новиот еврокомесар за проиширувањето Штефан Филе. Јуни е периодот во кој ќе заврши шпанското претседавање со Европската Унија коешто оптимизмот околу прашањето го изрази преку изјавите на министерот за надворешни работи Моратинос. Во овој контекст тој ја најави и посетата на Скопје која ќе се реализира до крајот на овој месец. Сето ова спаѓа во притисоците коишто се континуирани, во реалноста ниту јунскиот рок нема да го дочекаме во околности коишто се поинакви од досегашните и со завршеток којшто е поразличен од досегашните коментираат експертите.
,,Се е всушност притисок. И полесно им е врз Македонија да прават притосок отколку тоа да го прават врз Грција“, изјави политикологот Владимир Божиновски.
Експертите велат дека засега роковите не значат ништо. Зошто одлуката можат да ја донесат единствено консензусот, одговорноста и подготвеноста на двете страни да отстапат од своите цврсто зацртани позиции, а не самите рокови зад кои стојат разни притисоци.
,,Не треба да се изненадиме дека ќе дојде јуни, а повторно да го имаме нерешено прашањето, што значи дека повторно ќе се даваатдополнителни рокови за ова прашање, а со тоа фактички трпиме како државата последици затоа што статусот на земјата на меѓународната арена и натаму ќе остане неутрален, нерешен, со овој статус што сега го има“, вели професорот Осман Кадриу.
Во меѓувреме расте притисокот и на домашен терен. Коалициониот партнер во владата, ДУИ најавува излегување од Владата доколку до јуни не се дојде до решение. Ова се образложува со ветувањето на оваа партија кон својот електорат на претходните избори.Засега, македонските партии не се ни блиску до консензус околу прашањето додека пак Грција по трауматичните финансиски потреси не би си дозволила уште едно понижување, посочуваа експертите па и од тој аспект сосотојбата не нуди многу простор за надеж. Рокот се наоѓа на половина од своето истекување. Дали крајот на овој месец ќе понуди некаков оптимизам останува да се види. Пред посетата на Моратинос, во Њујорк уште еден обид на Медијаторот Метју Нимиц преку средба со преговарачите од двете страни да создаде услови за искористување на јунскиот рок е извесен за средината на овој месец.
Се е всушност притисок. И полесно им е врз Македонија да прават притосок отколку тоа да го прават врз Грција
,,Се е всушност притисок. И полесно им е врз Македонија да прават притосок отколку тоа да го прават врз Грција“, изјави политикологот Владимир Божиновски.
Експертите велат дека засега роковите не значат ништо. Зошто одлуката можат да ја донесат единствено консензусот, одговорноста и подготвеноста на двете страни да отстапат од своите цврсто зацртани позиции, а не самите рокови зад кои стојат разни притисоци.
,,Не треба да се изненадиме дека ќе дојде јуни, а повторно да го имаме нерешено прашањето, што значи дека повторно ќе се даваат
Не треба да се изненадиме дека ќе дојде јуни, а повторно да го имаме нерешено прашањето, што значи дека повторно ќе се даваат дополнителни рокови за ова прашање