Годишниот извештај на Народниот правобранител покажува дека правата на граѓаните се кршат речиси во секоја институција. Граѓаните најмногу се жалат за работата на судството и непрофесионалната јавна администрација.
Правата на граѓаните се кршат на секој чекор, речиси во секоја инситуција, во речиси секоја сфера на општеството, покажува годишниот извештај на Народниот правобранител, за тоа колку се почитуваат и остваруваат човековите права. Минатата година до канцеларијата на Народниот правобранител, најмногу поплаки стигнале за работата на судството, за непрофесионалност на јавната администрација, за употреба на прекумерна сила од страна на полицијата, за долгите граѓански постапки, за лошите услови во затворите, повреда на работнички права, за кршење на правата на децата, за нетолеранција на различностите. Народниот правобранител Иџет Мемети вели дека загрижува тоа што бројката на поплаки се зголемува од година во година. Во 2009-та тие добиле 4456 поплаки, што е за близу 800 повеќе од претходната година. Повеќе од 20 проценти од вкупниот броја на преставки биле за работата на судството.
„Граѓаните и во 2009 година се соочуваат со се уште неефикасен судски систем, за кој, наместо да имаат најмногу доверба, тие најмногу се жалеа, што претставува појава која загрижува.“
Министерот за правда Михајло Маневски вели дека се запознаени со тоа во кој сегмент има најмногу прекршувања на правата на граѓаните.
„Во најголемиот број се однесуваат поради долго траење на постапката во определени случаи и повреда на правото на граѓаните за судење во разумен рок.“
Министерот за правда вели дека со измените во законот што треба да стартуваат наскоро, судовите ќе бидат растоваранеи од извршните предмети што се однесуваат на казни за прекршоци, а со тоа ќе се намалат и бројот на предметите и судовите ќе бидат многу по ефикасни.
Поголемиот дел од случаите кои ги добиле во канцеларијата на Правобранителот се завршени, а на дел се уште се работи. Народниот правобранител се пожали пак на тоа што и по нивна интервенција до институцитте, органите се уште не постапиле по жалбите. Меѓу институцитте кои предничат по тоа што не постапиле по жалбите се Владата и Министерството за внатрешни работи. Обдундсманот вели дека има и институции кои со години се соработуваат со канцеларијата на правобранителот. Такви се секторот за гранични работи и миграции при МВР, вели тој.
Граѓаните и во 2009 година се соочуваат со се уште неефикасен судски систем, за кој, наместо да имаат најмногу доверба, тие најмногу се жалеа, што претставува појава која загрижува
Вашиот пребарувач не подржува HTML5