„Мириса на избори“ коментираат земјоделците од Пелагонија, откако изминативе недели ги посетија речиси сите лидери од поголемите политички партии, ветувајќи им решение на проблемите. За еден месец во Пелагонија беа Груевски, Црвенковски и Бошковски.
Пелагонија, најголемата житница во државата прераснува во политичка арена. Политичарите нагргнаа меѓу земјоделците се обвинуваат меѓусебе, ветуваат, инвестираат. Земјоделците поделени. Сточарите го напаѓаат Груевски, тутунарите протестираат пред канцелариите на СДСМ. Атмосферата наликува на изборна кампања.
„На избори мириса ова. Идат тука се препукуваат, се навредуваат, а нас проблемите ни останаа нерешени.“
„Дали оваа власт смета дека ако сме земјоделци дека сме неписмени. Ја утна работата со пченицата. Кај го има тоа килограм пченица за 7 денари?“
„Никогаш не побаравме политички да сме застапени. Да знаат дека овој народ страда. Не сме некоја политичка партија да ја поддржиме, ние си ги бараме нашите пари.“
За еден месец пелагониските села ги посетија премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, првиот човек на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, министри, градоначалници и други. Нога повлече Црвенковски посетувајќи куќа на вмровец во Могила. Тој обвини дека големите буџетски средства за субвенциите завршуваат во сомнителни џебови.
„Каде завршуваат тие пари? Кај сточарите не, кај јаболкарите не, кај пченичарите не, кај лозарите не. Или стојат фиктивно и не се распределуваат или завршуваат кај други, а не кај земјоделците.“
Но, не понуди решение за проблемите со пласманот на земјоделските производи и откупните цени.
„Значи ние сме во позиција на опозиција и од оваа позиција не можеме многу да помогнеме.“
Љубе Бошковски обвини дека власта од тутунарите бара да го финансираат проектот „Скопје 2014“.
„Во село Ивањевци госпоѓа која го предала тутунот ме побара кога немаше камери за да ми ја раскаже сторијата. Од продадената реколта државата им бара на сметката да префрлат 2000 денари, замислете Ивањевци да префрла пари за проектот на Никола Груевски, 2014-та.“
Груевски при посетата на Пелагонија не одговори на овие обвинувања. Сечеше ленти од регионални водоводи и патишта кои рече дека претходно служеле за пазарења за гласови на претходните власти со мештаните.
„Тој водовод бил ветуван повеќе од една деценија од разни политички гарнитури. Но досега не бил реализиран. Од 1994 година има кажувале дека ќе го направат гласајте за овој, гласајте за оној. Ние се зафативме со работа и денес водоводот е во употреба.“

На избори мириса ова. Идат тука се препукуваат, се навредуваат, а нас проблемите ни останаа нерешени
„Дали оваа власт смета дека ако сме земјоделци дека сме неписмени. Ја утна работата со пченицата. Кај го има тоа килограм пченица за 7 денари?“
„Никогаш не побаравме политички да сме застапени. Да знаат дека овој народ страда. Не сме некоја политичка партија да ја поддржиме, ние си ги бараме нашите пари.“
За еден месец пелагониските села ги посетија премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, првиот човек на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, министри, градоначалници и други. Нога повлече Црвенковски посетувајќи куќа на вмровец во Могила. Тој обвини дека големите буџетски средства за субвенциите завршуваат во сомнителни џебови.
Никогаш не побаравме политички да сме застапени. Да знаат дека овој народ страда. Не сме некоја политичка партија да ја поддржиме, ние си ги бараме нашите пари