По над 20 години активна работа ќе се модернизираат трите блока на РЕК „Битола“ кои произведуваат 70 отсто од потребите за електрична енергија на земјава. Модернизацијата предвидено е да започне летово, а ќе ја изведува руска компанија од Санкт Петресбург, оригинален производител на турбините и генераторите кои пред години беа вградени во РЕК.
Со ваквата постапка ќе се продолжи животниот век на термоблоковите за најмалку 120 илјади работни часа или за 20 години. Електраната е во состојба на амортизизираност бидејќи одработила над 190 илјади работни часа, а произведувачот предвидел максимум до 250 илјади. Без планираната модернизација на блоковите би им останал животен век од околу седум години.
,,Да кажам дека овој проект е потпишан уште во месец декември со оригиналниот производител на основната опрема, руската компанијна „Силовие Машини“. Веќе е упалтен првиот аванс за модернизација на првиот агрегат. Таа модернизација треба да почне во средината на јули оваа година, а треба да биде завршена до крајот на октомври. На таков начин сите три блока, еден по еден ќе бидат модернизирани. Модернизацијата ќе биде со целосна замена на турбинските кола и модернизација на генераторите. Очекуваме околу 8,3 мега вати дополнителна сила по блок или вкупно 24 мега вати на сите блока во РЕК"
изјави Влатко Чинговски, генерален директор на ЕЛЕМ.
Вкупната инвестиција на прокетот чини 56 милиони евра, од кои 21 милион евра се сопствени средства на „Електрани на Македонија“, а останатите 35 ќе бидат обезбедени од кредит. Ремонтот ќе се одвива во наредните две до три години и се очекува да не влијае врз нормалното производство на струја во РЕК. Ова ќе биде најголемата инвестиција во рударско енергетскиот комбинат од пуштањето во употреба на третиот блок во 1988 година.