Општината Куманово како најголема локална самоуправа во државава е една од првите во која започна процесот на децентрализацијата и како што тврдат надлежните е подготвена за влегување во третата фаза
Во изминатиот период оваа локална самоуправа успешно ги реализирала поголемиот дел од проектите во досегашниот процес, што укажува дека таа е подготвена за започнување на третата фаза од децентрализацијата, која е неминовна, вели Оливер Спасовски секретар во Општината. Според Спасовски децентрализацијата е процес кој треба побрзо да се заврши за подобро и полесно функционирање на локалните самоуправи. Зошто процесот е со намалено темпо, а понекогаш и целосно запрено, Спасовски објаснува:
„Мора да признаеме дека секоја Влада, па и оваа Влада сака што е можно повеќе од ингеренциите да ги задржи на сопственото ниво, а со тоа и еден дел од средствата кои што ги прибира.“
Спасовски смета дека веќе е крајно време да започне третата фаза на децентрализацијата, што подразбира сондирање која од општините е подготвена да ја започне оваа фаза. На тој начин ингеренциите од централно ниво да се спуштат на локално.
Како што е во делот на финансиските средства, делот на државното градежно неизградено земјиште кое сега е на централно ниво.
Според Спасовски тоа значи:
„Сето тоа ако се погледне како комплекс го онезвозможува економскиот развој на општините. Ако државното градежно неизградено земјиште е под ингеренциите на локалната смаоуправа таа ќе може да планира и да прави стратегија за локалниот економски развој.“
Спасовски е оптимист дека во блиска иднина ќе започне овој процес иако праксата до сега покажала дека откако процесот ќе достигне одредено ниво тој запира.
„Се надевам дека Владата конечно ќе има слух дека локалните самоуправи ќе мора да ги преземат сопствените ингеренции.“
За Општината Куманово Спасовски вели дека при тоа централната власт би ги имала предвид:
„Примерите од досега реализираните проекти на локално ниво, со што ќе може да се одговори на интересите на граѓаните.“
смета Спасовски.
Мора да признаеме дека секоја Влада, па и оваа Влада сака што е можно повеќе од ингеренциите да ги задржи на сопственото ниво, а со тоа и еден дел од средствата кои што ги прибира