Евро пратеници и Конгресмени од САД бараат решение за името

Зградата на Владата на РМ

Зградата на Владата на РМ

Делегација на Европскиот Парламент, како американски Конгресмени во исто време во посета на Македонија. И двете страни бараат решение на името, бидејќи како што велат, евроатлантската интеграција е единствена шанса за Македонија. Нивната посета доаѓа пред најавеното доаѓање на еврокомесарот Стефан Филе.
Местото на Македонија е во НАТО и во ЕУ, го пренесе ставот на Американскиот Конгрес конгресменот Ерл Померој, кој беше во посета на Собранието на Македонија. Тој вели дека ставот на Конгресот е ист како и ставот на администрацијата на Барак Обама, а кого во земјава го пренесува амбасадорот Филип Рикер:

,,Ние сакаме да ја видиме Македонија во НАТО и ЕУ и жалиме за одложувањето на нејзините интеграции. Ние сакаме прашањето да биде решено и страните треба да се обидуваат да дојдат до решение на прашањето за да се оствари прогрес во НАТО и ЕУ."

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ерл Померој - конгресмен


изјави американскиот конгресмен Ерл Померој. За разлика од него, амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер беше подиректен и рече дека е време Македонија да ја надмине референцата ПЈРМ и да се најде решение за името. Тој изјави дека не треба да се отежнува спорот што Македонија и Грција го имаат.

,,Не треба да го правите ова потежок процес отколку што е. Мислам дека има тенденција да се замислуваат работи, да постои страв и да се направи овој процес потежок отколку што е."

Според Рикер за решение треба да преговараат лидерите на Македонија и на Грција, бидејќи колку и САД и преставниците на ЕУ да подржуваат наоѓање на решение, сепак тие не можат да го решат спорот наместо двете инволвирани страни. Тој уште еднаш потенцираше дека евро-атланската интеграција и е единствената шанса на Македонија.
Се уште веруваме дека оваа интеграција е единствениот начин да се обезбеди иднината на Македонија


,,Тоа треба да биде во фокусот на разговорите. Се уште веруваме дека оваа интеграција е единствениот начин да се обезбеди иднината на Македонија, како стабилна, просперитетна и мултиетничка демократија. Ако се откажете од тоа, тоа ќе значи закана за вашата иднина и закана за иднината на регионот."

Истовремено со делегацијата од САД, во Македонија присуствуваа и делегации од Европскиот Парламент. Копреседавачот со мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ, Јоргос Шацимаркакис порача дека Македониај треба да ја искористи отворената можност којашто е многу мала и многу куса од шест месеци, за да се реши спорот за името за да може да отпочнат претпристапните преговори.

,,Ако оваа отворена можност којашто ќе трае уште околу 3-4 месеци не ја искористите, одложувањето може да предизвика големи проблеми."

Деновиве земјата ја посетија неколку конгресмени од САД и претставници од ЕУ.