Американскиот амбасадор во Македонија Филип Рикер, во обраќањето пред Собраниската Комисија за надворешни работи порача дека Македонија треба да ја надмине референцата ПЈРМ и да се најде решение за името. Нема потреба да се отежнува процесот повеке одколку што е потребно, порача Филип Рикер
Време е Македонија да ја надмине референцата ПЈРМ и да се најде решение за името, порача денеска во Собранието на Македонија, амбасадорот на САД, Филип Рикер. Тој изјави дека не треба да се отежнува спорот што Македонија и Грција го имаат за името.
„Мојата прва забелешка би била немојте да го отежнувате повеќе отколку што е потребно и мислам дека има тенденција да се замислуваат работи, да постои страв и да се направи овој процес потежок отколку што е.“
Мојата прва забелешка би била немојте да го отежнувате повеќе отколку што е потребно и мислам дека има тенденција да се замислуваат работи, да постои страв и да се направи овој процес потежок отколку што е
Рикер уште еднаш го кажа ставот на Соединетите држави дека треба да се најде решение, но дека за тоа решение треба да преговараат лидерите на Македонија и Грција, затоа што колку и САД и преставниците на ЕУ да подржуваат наоѓање на решение, сепак тие не можат да го решат спорот наместо двете инволвирани страни . Порача и да се искористи посетата на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, кој следната недела ќе ги посети Македонија и Грција.
„Тој не е преговарач, туку е некој што помага, што посредува и ќе помага со идеи, меѓутоа лидерите на двете земји се тие што треба да преговараат да дојдат до компромис и да одат понатаму.“
Амбасадорот Рикер имаше обраќање пред Собраниската Комисија за надворешна политика. Тој изјави дека единствената шанса за Македонија е нејзината евро-атланска интеграција.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Филип Рикер за името
„Остануваат евроитнтеграциите на оваа земја, сеуште веруваме дека оваа интеграција е потребна за да се обезбеди иднината на Македонија како стабилна, просперитетна мултиетничка демократија и доколку свртите од тоа тоа ќе значи закана за вашата иднина и регионот.“
САД ќе обезбеди 100 милиони долари помош меѓу оваа и 2015 година, се надевам дека тоа нема да го пропуштиме
Според Рикер, САД и Македонија имаат стратешка соработка. Тој изјави дека САД и понатаму ќе ја подржуваат и помагаат земјата, но дека тоа не е хуманитарна помош, туку поттик за развој на демократијата. Освен амбасадорот Рикер, гости во Собранието на Македонија беа и конгресменот Ерл Померој и директорот на Агенцијата за меѓународен развој на САД, Мајкл Фриц. Фриц изјави дека УСАИД и понатаму ќе одделуваат пари за Македонија.
„Планираме да помогнеме на Македонија да оди напред во постигнувањето на своите цели. САД ќе обезбеди 100 милиони долари помош меѓу оваа и 2015 година, се надевам дека тоа нема да го пропуштиме.“
Претставниците од САД, имаа средба и со претседателот на Собранието, Трајко Велјановски.