Односите меѓу Македонија и Соединетите Држави се традиционално добри а тоа продолжува и по доаѓањето на Барак Обама на чело на државата, велат експертите. Тие сметаат дека Соединетите држави и понатаму остануваат најголемиот стратешки партнер на земјава
Односите меѓу Македонија и Соединетите Држави се традиционално добри а тоа продолжува и по доаѓањето на Барак Обама на чело на државата, велат експертите. За некои од нив односите не зависат многу од Обама, за други Македонија е таа која ја сменила политиката но и покрај тоа Соединетите држави и понатаму остануваат најголемиот стратешки партнер на земјава.
Поранешниот амбасадор во Соединетите држави, Љупчо Јордановски вели дека и покрај тоа што Македонија ја смени политиката кон САД, Обама и понатаму останува поддржувач на земјата:
„Ако ние продолжевме со истата политика, и желба за интеграција во НАТО и ЕУ, па од тој аспект да видев како Америка ќе се однесува кон нас. Но, сметам дека при ваква политичка ситуација на актуелната власт кон евро атлантските интеграции, Америка е сеуште најголем поддржувач и би рекол сеуште наш стратешки партнер.“
Аналитичарот Махи Несини, кој има и искуство во дипломатијата, вели дека политиката на Соединетите држави е конзистентна и не зависи многу од претседателот, туку повеќе од Стејт Департментот.
„Односите помеѓу Република Македонија и САД и по доаѓањето на Обама на чело продолжија исто како што беа и порано, добри, пријателски и со заемен интерес во смисла на тоа дека и ние сме една стратешка цел и за НАТО, а што е многу побитно за нас да ни биде САД пријател тоа е од исклучителна важност.“
На денешниот Молитвен појадок чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама присуствува и македонска делегација, предводена од вицепремерот за европски прашања Васко Наумовски. Покрај него во Вашингтон се и пратениците Александар Спасеновски, Андреј Петров и Сулејман Рушити. Аналитичарите сметаат дека Молитвениот појадок е добра можност да се излобира подршка и помош за одредени прашања, но сепак велат дека дипломатијата преку целата година треба да си ја врши работата.
Ако ние продолжевме со истата политика, и желба за интеграција во НАТО и ЕУ, па од тој аспект да видев како Америка ќе се однесува кон нас. Но, сметам дека при ваква политичка ситуација на актуелната власт кон евро атлантските интеграции, Америка е сеуште најголем поддржувач и би рекол сеуште наш стратешки партнер.