Изложба на Јана Куновска

Во КИЦ ќе бидат претставени 25 дела на Јана Куновска

„Игра со карти“ е насловена самостојната изложба на слики и монотипии на Јана Куновска што ќе биде отворена во Културно информативниот центар.
Тешко е да се зборува за делата, а да не се впуштиме во толкувањето на знаковниот репертоар. Голем број од нив се со мотив кој јасно асоцира на играчи со карти. Портрети на личен играч во игра или во живот го окупираат вниманието на сликарката. Тука пронаоѓаме лица, фигури, очи, уста, знакови... Авторката ги обележува картите со нагласување на состојбата како суд. Актерите се задлабочени во својата моментална позиција како личности во вистинскиот живот: важност, одлучност, несигурност, очекување. Крал, кралица, момче...покажани се во портретни ситуации на голем формат. Ликовно се интерпретирани со необични манири. За нив авторката гради простори со чести перспективни отстапувања од очекуваното. Храбар израз на мотиви, готово филмски кадриран, активира атмосфера. Некое чудење према прекриените односи на поединецот и околината, како да се провлекува низ делата. Играчите со карти, како сложувалка ликовно обликувани со сликарски знакови, потсетуваат на времето кога сеуште не постоеја компјутерски игри во кои човекот може да игра сам.

Јана Куновска

Ова меѓу другото, за новиот циклус Игра со карти на Јана Куновска, ќе го забележи влијателниот ликовен критичар Еуген Водопивац Борковски, во текстот насловен како Портрети на игра и игри со портрети, а поместен во каталогот за изложбата на македонската уметница во салонот Империјал 2 при Културно информативиот центар во Скопје.

На оваа поставка што ликовната публика ќе има можност да ја проследи до 10 мај изложени се 25 дела изработени во техника масло на платно и монотипии кои се создадени во последниве четири години.

Говорејќи за нив, Куновска истакнува дека по успешното претставување во Грожњан и во Ријека, во Хрватска, крајно време било сликите да ги види и домашната јавност. Таа вели дека нејзиното сликарство во оваа последна
Кралот, кралицата, џокерот и џандарот во картите имаат свои улоги, значи имаат своја силина, но и свои слабости и воопшто во човештвото се претставени како постоечки сеуште. Затоа ,,Игра со карти“. За да не се вулгаризира човекот се оди преку
картата.
серија се бави со симболизмот, иако признава дека симболизмот и не го љуби нешто посебно и дека всушност на тој начин ја продолжува својата потреба да се бави со карактери.

„Кралот, кралицата, џокерот и џандарот во картите имаат свои улоги, значи имаат своја силина, но и свои слабости и воопшто во човештвото се претставени како постоечки сеуште. Затоа ,,Игра со карти“. За да не се вулгаризира човекот се оди преку картата.“

Јана Куновска има дипломирано на ФЛУ во Скопје насока сликарство во класата на професор Танас Луловски, а постдипломските студии ги заврши на истата високообразовна институција кај професор Јован Шумковски. Досега има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Германија и во земјите од регионов, а учествувала и на повеќе групни поставки од кои за издвојување се оние во Словенија и во САД. Таа повеќе години е активна и на полето на графички дизајн и за своите идејни решенија е добитник на три значајни награди.

По Скопје, Куновска би сакала новиот циклус да и го претстави и на битолската публика, а згора на тоа дополнува дека всушност во овие дела се крие и нејзиниот нов исчекор во сликарството.

„Тоа се огромни портрети на мачки кои се спојуваат со портретите на „луѓето“ односно на картите“, вели Куновска.