Достапни линкови

Трамп пред можен импичмент


Конгресот покренува истрага против Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Конгресот покренува истрага против Трамп

Комитетот за правни прашања на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ќе покрене истрага против претседателот Доналд Трамп и неговите соработници поради можна опструкција на правдата, корупција и злоупотреба на овластувањата.

Претседателот на овој Комитет кој има овластување и да побара импичмент, демократот Џери Надлер изјави дека биле побарани документи од над 60 луѓе од администрацијата на Трамп во рамките на проширената истрага за наводното руско мешање во американските претседателски избори во 2016 година.

„Ќе сториме сè што е можно за да добиеме какви било докази. Ние ја започнуваме оваа истрага“, рече тој.

Надлер додаде дека истрагата е со цел „да му презентираат на американскиот народ случаи на попречување на правдата, корупцијата и злоупотребата на моќта“.

Побарани се документи, меѓу другите и од синот на претседателот Доналд Трамп Џуниор и од финансискиот директор на Трамп организацијата Ален Вајселберг.

Надлер оваа истрага не ја нaрече истрага за импичмент, но прецизира дека демократите во Домот сега се мнозинство и оти едноставно мора да ја вршат работа за заштита на владеењето на правото откако, како што рече, републиканците во текот на првите две години од мандатот на Трамп го ослободиле претседателот од каква било одговорност.

„Импичментот е долг пат. Немаме се уште факти, но ќе иницираме соодветна истрага“.

Всушност републиканците во Претставничкиот дом имаат сосема поинаков поглед на најновиот развој на настаните во врска со истрагата против Трамп.

Лидерот на малцинството во овој Дом, Кевин Мекарти, ги отфрли тврдењата на Џери Надлер дека изјавите на поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, на сослушувањето минатата недела се основа за понатамошна истрага.

„Надлер ја поставува рамката сега за демократите да не му веруваат во извештајот на Мулер. Тие сега велат дека ние треба да направиме сопствена истрага“.

Претседателот Доналд Трамп деновиве остро го критикуваше специјалниот советник Роберт Мулер кој ја води истрагата за наводната поврзаност на трамповиот изборен штаб со Русија. Трамп постојано го негира тоа, обвинувајќи ги демократите за „лов на вештерки“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG