Достапни линкови

Трамп на суд за граничниот ѕид


Шеснаесет американски држави го тужат Трамп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Шеснаесет американски држави го тужат Трамп

Сојуз од 16 американски држави, предводен од Калифорнија, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради неговата одлука да прогласи национална вонредна состојба за да добие средства за изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико.

До тужбата поднесена во Окружниот суд во Калифорнија дојде само по неколку дена откако Трамп во петокот се повика на неговите вонредни овластувања откако Конгресот одби да го исполни неговото барање за 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот.

Впрочем токму ѕидот беше едно од главните ветувања на Трамп за време на изборната кампања.

Неговиот последен потег има за цел да му дозволи да потроши пари кои се доделени од Конгресот за други цели.

Во соопштението на калифорнискиот јавен обвинител Ксавиер Бекера се наведува дека предавањето на Трамп на суд е со цел да се блокира неговата злоупотреба на претседателската моќ.

„Го тужиме претседателот Трамп за да го спречиме еднострано да ги ограбува парите на даночните обврзници кои со закон ги издвои Конгресот за луѓето од нашите држави. За повеќето од нас кабинетот на претседателот не е место за театар“, оценува Бекера.

Правните предизвици би можеле да ги забават напорите на Трамп да го изгради ѕидот, за кој вели дека е потребен за контрола на нелегалната имиграција и трговијата со дрога, но најверојатно се ќе заврши во конзервативниот Врховен суд.

„И ова е еден од начините за кои тие мислат дека може да победат, со опструкција и со многу други глупости. Јас само сакам да го направам тоа побрзо, тоа е сè“.

Во буџетскиот договор усвоен од Конгресот за да се избегне второто делумно затворање на владата, речиси 1,4 милијарди долари беа доделени за гранично оградување.

Но, наредбата за вонредна состојба ќе му даде на Трамп дополнителни 6,7 милијарди долари над она што го одобри законот.

Во телевизиски интервјуа дадени деновиве Бекера рече дека обвинителството ќе ги користи изјавите на Трамп против него како доказ дека немало потреба да воведе национална вонредна состојба.

Претходно, Трамп изјави дека знаел оти не треба да прогласи вонредна состојба за да го изгради ѕидот, коментар што сега би можел да го поткопа правниот аргумент на неговата администрација.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG