Достапни линкови

Трамп оптимист пред самитот со Ким


Трамп: со Ким имаме шанса за нешто посебно
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:25 0:00

Трамп: со Ким имаме шанса за нешто посебно

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека на неговата среба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун оваа недела во Виетнам ќе биде шанса да се направи „нешто многу, многу посебно“.

Говорејќи на Гувернерскиот бал во Белата куќа, претседателот Трампизјави дека тој и Ким имале многу добри односи, додавајќи дека тие на состаноците се „гледале во очи“.

„Многу е интересно да се каже, но развив многу, многу добри односи. Ќе видиме што значи тоа. Но, тој никогаш немал врска со никого од оваа земја и нема никакви врски насекаде“.

Трамп додаде дека Северна Кореја нема тестирано никакво нуклеарно оружје за неколку месеци и оти само доколку Пјонгјанг се откаже од развивањето нуклеарно оружје ќе може да просперира.

„Тие имаат неверојатни луѓе, вредни луѓе, паметни, енергични. И мислам дека може да биде навистина една од најголемите - една од големите финансиски и економски земји во светот“.

Првиот состанок меѓу Трамп и Ким во минатиот јуни во Сингапур донесе нејасно формулирана обврска за Северна Кореја за откажување од програмата за нуклеарно оружје.

За самитот во Ханој Ким Џонг Ун отпатува со воз.

Станува збор за свеовидна семејна традиција што ја започна неговиот дедо, основачот на Северна Кореја Ким Ил Сунг, кој патувал во Источна Европа со воз.

Во меѓувреме, во Ханој се подготвено за самитот кој ќе го обезбедуваат илјадници војници и полицајци.

Заменик-министерот за надворешни работи на Виетнам Ли Хои Транг изјави дека безбедноста ќе биде на максимално ниво, иако како што рече, домаќините имаа само десет дена за подготовка по официјалното соопштение дека Ханој ќе биде домаќин на самитот од 27 до 28 февруари.

„Но, може да бидете сигурни дека безбедноста ќе биде на максимално ниво и на вториот самит, не само за настаните, делегатите, туку и за луѓето во Виетнам, вклучувајќи ве и вас како припадници на медиумите“.

За самитот во Ханој се акредитирани над две илјади новинари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG