Достапни линкови

Може ли Трамп превентивно да ги помилува семејството, соработниците и самиот себе?


Барон Трамп, првата дама Меланија Трамп, американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, Доналд Трамп помладиот, Кимберли Гилфојл, Лара Трамп...
Барон Трамп, првата дама Меланија Трамп, американскиот претседател Доналд Трамп, Тифани Трамп, Доналд Трамп помладиот, Кимберли Гилфојл, Лара Трамп...

Во медиумите владее голема врева за можноста американскиот претседател Доналд Трамп пред да му истече мандатот на 20 јануари да ги искористи своите широки овластувања за издавање претседателски помилувања за себе, семејството и соработниците за кривични дела за кои допрва ќе бидат обвинети.

Пред да му истече мандатот на 20 јануари, американскиот претседател Доналд Трамп би можел да ги искористи своите широки овластувања за да издаде бран претседателски помилувања.

Секој што е обвинет или осуден за кршење на федералниот закон може да биде помилуван.

Но, дали Трамп може да ги заштити членовите на семејството или лојалните соработници од идно гонење со издавање на превентивни помилувања, дури и ако никој не е обвинет за вистинско кривично дело? Одговорот е да.

Може ли Трамп да го помилува своето семејство - или себе?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:46 0:00

„Во американскиот систем, тоа е можно. Врховниот суд рече во случајот наречен Ex parte Garland (од 1866 година) дека ако делото е веќе сторено, претседателот може да даде помилување за тоа дело, иако се уште нема поднесено обвинение. Превентивните помилувања се ретки, но тие се правени, има многу преседани за тоа“, вели Брајан Калт професор по право на Универзитетот во Мичиген.

Министерот за правда на САД тврди дека немало измама што би го променила изборниот резултат

Во 1974 година, американскиот претседател Џералд Форд го помилува Ричард Никсон, кој се повлече од функцијата претседател поради скандалот со Вотергејт, иако не беше обвинет за никакви кривични дела. Тој скандал вклучуваше прикривање на поврзаноста на администрацијата на Никсон во упадот во седиштето на Демократската партија.

И во 1977 година, американскиот претседател Џими Картер ги помилува Американците кои го избегнаа служењето во војната во Виетнам.

„Многу од тие луѓе не беа обвинети за ништо - тие побегнаа од земјата за да не бидат обвинети“, вели професор Калт.

Во ноември, Трамп го помилува Мајкл Флин, неговиот поранешен советник за национална безбедност, кој беше обвинет за давање лажни изјави за време на истрагата за руското мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.

Доналд Трамп помладиот ,исто така, беше под истрага, но никогаш не беше обвинет. Нејасно е со какви потенцијални кривични пријави би можеле да се соочат трите највозрасни деца на Трамп, кои работеа како политички советници.

Но, Белата куќа не даде индикации за плановите за понатамошно помилување. Кејли Мекенани, секретар за печат на Белата куќа деновиве изјави на прес конференција:

„Не се спомнуваат никакви помилувања во разговорите што ги имав во Белата куќа, освен помилувањето на генерал-потполковник Мајкл Флин“.

Како и да е, превентивното помилување нема да понуди заштита доколку лицето изврши некое идно злосторство.

Трамп: нема да го сменам ставот дека претседателските избори се наместени


„Својствено на поимот помилување е дека се простува некое дело од минатото, но не го суспендира законот за идни дела. Тоа не е доделување на иден имунитет“, наведува Калт.

Нејасно е дали претседателот Трамп може самиот да помилува. На Твитер, тој напиша:

„Имам апсолутно право да се помилувам, но зошто би го сторил тоа кога не сум направил ништо лошо?“

Правните научници во САД се поделени околу само-помилувањето. Тоа не би го заштитило Трамп од какви било обвиненија што можат да произлезат од истрагата на генералниот обвинител на Њујорк за наводни даночни злосторства или истрагата на окружниот обвинител на Менхетн дали компанијата Трамп фалсификувала деловни сметки.

Џош Блекман, професор по право на Колеџот за правни науки во Јужен Тексас, Хјустон, за РСЕ вели:

„Помилувањето се протега само на федералните злосторства, а не на државните злосторства. Значи, дури и ако Трамп се помилува себеси - што не е јасно дека може да го стори тоа - но ако Трамп се помилува себеси, тоа не би го спречило њујоршкиот јавен обвинител да го гони“.

Трамп - Ништо не признав

Но, сите потенцијални правни проблеми со кои Трамп може да се соочи по напуштањето на функцијата може да имаат подлабоки политички импликации.

„71 милион луѓе гласаа за Трамп. И сега шест месеци подоцна, го обвинувате за злосторство. Се чувствува дека тоа е само одмазда. И јас гледам повеќе лоша работа отколку подобра.“ вели професор Блекман.

Било какви правни борби може да се претворат во политички битки и дополнително да ја поларизираат веќе поделената земја.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG