Достапни линкови

Струен удар врз бизнисот


Сончева централа поставена на фабрика
Сончева централа поставена на фабрика

Од цената на струјата зависи опстанокот на многу фирми. За една година цената на струјата за компаниите е зголемена за 10 отсто. Фотоволтаиците се еден од начини да се намалат високите сметки, но бизнисмените се жалат на долгите и комплицирани процедури за да се постави сончева централа.

Многу фирми можеби нема да ја дочекаат зимата, која според најавите ќе биде една од најтешките. Сметките за струја им се неколкукратно зголемени, па најчесто спомнувана опција е катанец на врата. Годинава веќе затвориле повеќе од 5300 фирми покажуваат податоците на Централниот регистар. Лани за цела година затвориле скоро 7000 фирми.

Фотоволтаиците помагаат, но не го решаваат проблемот со скапа струја
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:36 0:00

Од февруари до јули годинава цената на струјата е зголемена за двојно, па ако во февруари компаниите плаќале 200 евра за мегават час струја, во јули плаќале по 400. Месецов, пак, цената на струјата на светските пазари надмина 700 евра, а имаше денови кога достигна и над 1000. За една година тоа е зголемување за 10 пати, оти лани струјата се продаваше за 70 евра за киловат час.

Сончевите централи се еден од начините фирмите да ги намалат сметките за струја, но се жалат на предолга бирократска процедура за да добијат дозвола. Стопанската комора на Македонија соопшти дека фирмите поставиле или се во процес на поставување на соларни панели од 45 мегавати, но не можат да ги приклучат на мрежата. Затоа побараа законски измени за олеснување на процедурата.

На бирократија се жали и бизнисменот Абедин Мурати од Тетово. Тој веќе поставил соларни панели, но осум месеци чека да заврши процедурата и да го приклучи системот на мрежата. Во меѓувреме не размислува како ќе ја помине зимата, туку како да ја плати сметката за струја за минатиот месец, која во споредба со истиот месец лани е за повеќе од четири пати повисока, иако годинава потрошил помалку.

„Минатата година во јули искористивме 323.000 киловати и плативме околу 20.000 евра. Годинава [во јули] потрошивме многу помалку струја - 136.000 киловати, а сметката е 91.000 евра. Немаме намера да платиме, ние ќе ја затвориме фабриката. Од каде да земеме да платиме, а не знаеме што ќе биде со сметката за август“, вели Мурати за Радио Слободна Европа.

Тој има фабрика за преработка на овошје и зеленчук во Тетово, а има и фабрика за мебел. Во фабриките има 60 редовно вработени, плус 70 сезонски работници. Доколку државата не помогне, вели дека ќе ги затвори фабриките, а луѓето ќе останат на улица, па ќе немаат со што да си платат сметки.

Доколку немаше фотоволтаци, сметките ќе беа огромни

Биснисменот Ангел Димитров поставил соларни панели на неговата текстилна фабрика, кои почнале да работат уште во април 2020 година. На покривот има две централи од по 150 киловати.

Тоа ни помага, но не ни го решава целосно проблемот, вели Димитров.

„Соларните многу ни помагаа, но ние сега плаќаме многу повисоки цени за струја, во јули плативме скоро 10 пати повисока цена на струјата, отколку што сме ја платиле лани“, вели тој.

Во периодот кога има доволно сонце, фотоволтаиците целосно ги покриваат потребите за струја на фабриката, а по работното време, произведената струја ја продаваат, но по неколкукратно пониска цена од куповната.

Доколку немаше фотоволтаци, сметките ќе беа огромни, заклучува Димитров.

„Тогаш ќе беше страшно, тогаш ќе требаше колку што даваме пари за плата на работниците, пола да даваме за струја, што е неиздржлива работа. Ние никогаш во животот не сме платиле 30 илјади евра за струја, а сега плаќаме и покрај соларот што го имаме“, вели Димитров.

Инвестицијата во фотоволтации досега се враќаше за пет години, но со овие цени на струјата, се исплаќа за една година, вели Димитров. Тој препорачува сите кои можат да инсталираат фотоволтаици, но укажува дека бирократските процедури мора да се олеснат.

Спомениците штедат, за крстовите нема криза
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:15 0:00

Енергетската криза ја зафати цела Европа. Првично започна како резултат на нарушувањата на пазарите предизвикано од пандемијата на коронавирус, а потоа и од војната на Русија во Украина.

Во Владата велат дека ги испитуваат можностите да им се помогне на стопанствениците, но досега нема конкретен одговор на нивните барања.

Минатата недела владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор, која ќе стапи на сила од 1 септември.

  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG