Достапни линкови

Путин чека слабост од ЕУ и НАТО за да го „запали“ Балканот?


Москва чека прилика да го „пламне“ Западен Балкан?
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:50 0:00

Москва чека прилика да го „пламне“ Западен Балкан?

Кремљ ќе ја искористи секоја слабост и на ЕУ и на НАТО на Балканот и ќе дејствува „потпалувачки“ за да го зголеми своето антизападно влијание во евроатланстски ориентираните земји од регионот, предупредуваат политичките аналитичари.

Колку што Балканот е понестабилен регион, толку е Путин помоќна политичка фигура, предупредуваат политичките аналитичари, и додаваат дека рускиот претседател ќе ја искористи секоја прилика да отвори некоја внатрешна кавга, особено во Западен Балкан, за да ја засили својата моќ и своето антизападно влијание во земјите кои одамна се определиле евроатлантски.

Поранешниот шаховскиот велемајстор, а сегашен политички активист и противник на политиката на Кремљ, Гари Каспаров, е најдиректен: „Путин е најопасниот човек на светот и ако му дадете прилика, тој ќе го запали Балканот“.

Путин ќе лови моменти на слабост

„Незапирливиот Путин е подготвен на се. Со сите средства сака да го зголеми своето внимание. За ефикасна борба се потребни Американците, а знаеме дека сега таа работа е климава. Путин го знае тоа и ќе го искористи. Меѓународна коалиција би го намалила трошокот за борба, но и би гарантирала каква-таква безбедност, бидејќи Путин сака да го запали Балканот“, вели Каспаров, во едно од своите последни интервјуа.

Експертите велат дека и ЕУ не е во добра кондиција, особено сега кога има разногласие околу проширувањето на Унијата со нови членки од Западен Балкан, каде Македонија и Албанија се главни конкуренти. Тоа му е познато на Кремљ и во првиот момент на слабост, велат аналитичарите, Путин ќе долева масло во огнот што претходно ќе го запали.

Доказ за тоа се досегашните потези на Москва, велат познавачите - Во Црна Гора се обиде со државен удар, близок е со Србија, неговите олигарси се се по влијателни во Хрватка, во Македонија дури има и партија како неговата...

Три цели или акција по старо?

Еден од најистакнатите познавачи на руската политика на Балканот, професорот Јанош Бугајски, вели дека зад идеите на Кремљ за балкански поделби стојат три цели.

„Првата цел е да создаде пукнатини меѓу албанските политичари и да ги подели албанските општества во Косово, Албанија и во Македонија. Москва може да ги искористи тие поделби околу промените на границите за да се внесе себе си во игра. Втората цел на Кремљ е да ги влоши поделбите меѓу Србите и Албанците, така што ниту Србија ниту Косово да не можат да влезат во НАТО или во ЕУ. Најефективен начин за затворање на вратите за членство е поттикнување меѓудржавни конфликти. И третиот мотив за поддршката на Русија за размена меѓу балканските земји е да се воспостават корисни преседани, кои Москва би ги користела за оправдување на своите акции кон Украина, Грузија и Молдавија“, вели Бугајски во својата најнова анализа за можните идни потези на Москва.

За д-р Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац, Австрија, и експерт за политиките на Балканот, ситуацијата е јасна - Русија сака да ја спречи евроатланстката интерграција на регионот и на Македонија.

„Мислам дека тоа што го прави Русија е обид да се спречат евроатлантските интеграции во било кој случај и дека Балканот е најлесната област за да го направи тоа. Затоа Русија континуирано го прави тоа и не очекувам некои драматични промени, повеќе мислам дека нештата ќе се одвиваат по вообичаениот пат“, вели проф. Бибер.

XS
SM
MD
LG