Достапни линкови

„Плукнете ги“: акција на руските власти врз оние што се против војната во Украина


Станислав Кармаских држеше отпечаток од слика од 19 век од Василиј Верешчагин наречена Апотеоза на војната кога полицијата го приведе во Томск
Станислав Кармаских држеше отпечаток од слика од 19 век од Василиј Верешчагин наречена Апотеоза на војната кога полицијата го приведе во Томск

На 4 март Русија усвои нов административен статут и драконски кривичен закон против „дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“. Оттогаш е забележана огромна репресија врз каква било критика против она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Роберт Коалсон

На 14 март Марија Недветскаја била информирана од полицијата во западниот руски град Калининград дека нејзината мајка била пренесена во локалната психијатриска болница.

Кога отишла во болница, не ѝ било дозволено да ја види, наводно поради ограничувањата против ковид-19. Наместо тоа, службениците во болницата ѝ рекле дека нејзината мајка ќе биде задржана најмалку еден месец.

Забрана за Фејсбук и Инстаграм во Русија- Мета прогласена за „екстремистичка“ организација

Педесет и деветгодишната Олга Недветскаја беше уапсена на 13 март во центарот на градот на мал протест против војната на Русија против Украина. На демонстрациите таа пееше и танцуваше на украински народни песни.

Олга Недветскаја (лево) беше приведена од полицијата во психијатриска болница откако танцуваше и пееше украински народни песни во Калининград. „Ова е јасно казнено психијатриско лекување“, вели еден локален активист.
Олга Недветскаја (лево) беше приведена од полицијата во психијатриска болница откако танцуваше и пееше украински народни песни во Калининград. „Ова е јасно казнено психијатриско лекување“, вели еден локален активист.

„Таа е апсолутно нормална личност“, вели локалната активистка Људмила Зелинскаја, која беше на истиот протест, додавајќи: „Тоа е апсурдна ситуација кога невооружено лице кое не дава никакви „екстремистички“ изјави или ги навредува вооружените сили, сепак е приведено. Таа само пееше песни од нашето детство. Беше смешно да ја приведат и уште полошо да ја праќаат во психијатриска болница. Сите сме загрижени. Ова е јасно казнено психијатриско лекување“.

Стотици уапсени на антивоените протести во Русија

Приказните како оваа на Олга Недветскаја стануваат се повообичаени ширум Русија, бидејќи Кремљ спроведува жестока акција против какво било несогласување во врска со војната во Украина, а претседателот Владимир Путин нарекувајќи ги „ѓубриња и предавници“ ги повика Русите „да ги исплукаат како мува што случајно им летнала во устата“.

„Само во Калининград во моментов има 58 активни случаи за „дискредитирање на вооружените сили. Мислам дека начинот на кој тие ја третираа Олга е само еден од нивните методи за тероризирање на луѓето“, вели локалната адвокатка за човекови права Марија Бонтслер.

„Џиновски чекори кон сурова диктатура“

На 20 март Марина Саватеева, либерална активистка и адвокатка во сибирскиот град Чита, излезе од 10-дневен затвор откако беше осудена за административно дело „популаризирање“ на нацистички симболи.

Нејзиното злосторство беше преобјавување на социјалните мрежи на објава на професорот и историчар Олег Кузњецов во Чита, во која е забележана неверојатна сличност помеѓу провоениот симбол на Кремљ - стилизирана латинска буква Z - и официјалните ознаки на нацистичката СС дивизија за време на Втората светска војна.

„Преобјавив една многу позната личност во Чита. Тој беше дури и поранешен регионален министер, односно личност која е политички апсолутно лојална на режимот и дел од системот. И самиот Кузњецов ја избриша својата објава од Фејсбук на 5 март“, рече таа.

Саватеева смета дека е среќна што го направила своето повторно објавување пред да биде усвоен новиот статут за „дискредитација на вооружените сили“, заедно со сличен кривичен закон за кривично дело што предвидува затворска казна до 15 години.

Марина Савватеева: „Се движиме со огромни чекори кон сурова диктатура“.
Марина Савватеева: „Се движиме со огромни чекори кон сурова диктатура“.

„Ако тие измени беа на сила, јас се уште ќе седев во истражен затвор. Ќе ме ставеа во затвор веднаш и долго време. Се движиме со огромни чекори кон сурова диктатура“, вели таа.

Протестот за апотеоза

На 6 март во центарот на сибирскиот град Томск Станислав Кармаских беше уапсен на мали демонстрации против војната. „Преку мегафон, полицијата почна да се обидува да не исплаши“, изјави тој за РСЕ, додавајќи: „Тие тврдеа дека ние ги „дискредитираме вооружените сили на Руската Федерација“.

Кармаских држел копија на слика од 19 век на Василиј Верешчагин наречена Апотеоза на војната. Сликата покажува мршојадци кои кружат над огромен куп черепи.

„Сам отидов кај полицајците“, се сеќава Кармаских, додавајќи: „Им ја покажав сликата на Верешчагин и реков: „Момци, ова е нашата иднина ако не застанеме“. Се погледнаа еден со друг. И тогаш еден човек рече: „Па, да го земеме? Ајде да го земеме. Вкупно 20 од нас беа уапсени“.

Во Томск, според новиот статут веќе се осудени 24 лица, додека уште осум случаи се во тек.
Во Томск, според новиот статут веќе се осудени 24 лица, додека уште осум случаи се во тек.

Сите тие беа обвинети според новиот управен статут. Кармаских беше казнет со 45.000 рубли (420 долари). Судијата пресуди дека тој „во присуство на група граѓани имал намера „да формира негативно мислење меѓу населението на Томск во врска со специјалната воена операција на руските вооружени сили во одбрана на интересите на Русија и нејзините граѓани за поддршка на меѓународниот мир и безбедност“.

Во Томск, според новиот статут веќе се осудени 24 лица, додека уште осум случаи се во тек. Двајца локални жители се соочуваат со кривично гонење под многу построгото кривично дело.

„Идиотски изговор за уништување на животите на луѓето“

Околу 7 часот наутро на 18 март, безбедносните сили во северозападниот град Псков почнаа да вршат претреси во канцелариите и резиденциите на неколкумина истакнати локални политичари и новинари и нивните роднини.

Меѓу нив беа локалниот координатор на партијата Јаболоко, Лев Шлозберг, општинскиот пратеник Николај Кузмин, родителите на главниот уредник на весникот „Псковскаја Губернија“, Денис Камалјагин, библиотекарката Екатерина Новикова и уредничката и новинарка на РСЕ „Север. Реалности“ Светлана Прокопјева.

Властите од регионалната канцеларија на бирото за анти-екстремизам на Министерството за внатрешни работи истражуваа случај на наводна клевета против гувернерот на Псковската област Михаил Ведерников, рече адвокатката за човекови права Татјана Мартинова.

Случајот беше испровоциран од анонимна објава во која се критикува политиката на Ведерников кон медиумите и објавувањето на Инстаграм профилот на Ведерников на извештаи за локални војници убиени во руската инвазија на Украина.

Светлана Прокопјева, новинар
Светлана Прокопјева, новинар

„Имаше околу 10 од нив“, се сеќава Прокопјева „Тие упаднаа со маски. Ја скршија вратата... Влетаа и викаа: „На подот! Ме фрлија на под и ми ставија лисици, ми го грабнаа телефонот од рака... барајќи нешто... На почетокот не ми ни кажаа која е причината за претресот. Тоа е само идиотски изговор да се уништат животите на луѓето. Тие дојдоа кај сите нас како да работат по список -- политичари, активисти. Тоа е нашиот безбедносен апарат кој реагира на наредбата на Путин да се бараат национални предавници“.

Руска активистка доби 30 дена затвор за организирање јавен собир

Библиотекарката Новикова ги хранела своите две деца кога дошле четворица „безбедњаци“. „Сакав да повикам адвокат, но не ми дозволија“, рече таа. „Се разбира, ова е само притисок врз мене бидејќи јас сум еден од ретките луѓе во Псков кои јавно се спротивставија на „специјалната операција“. „Сега го чистат информативниот простор за никој никогаш да не може ништо да каже“, додаде Новикова, наведувајќи:

„Сега немам средства за комуникација. Не можам да влезам на социјалните мрежи. Нема никаде каде можам да кажам што мислам за политиката на Русија. Но, мојот став е ист. Не почнав да мислам дека „специјалната операција “ е супер само затоа што ми ги одзедоа компјутерот и телефонот“.

„Секоја нација, особено руската нација, секогаш ќе може да ги разликува вистинските патриоти од ѓубриња и предавници и едноставно ќе ги исплука како мува што случајно им летнала во устата“, рече Путин на 16 март.
„Секоја нација, особено руската нација, секогаш ќе може да ги разликува вистинските патриоти од ѓубриња и предавници и едноставно ќе ги исплука како мува што случајно им летнала во устата“, рече Путин на 16 март.

Политичкиот аналитичар Андреј Колесников од Московскиот Карнеги центар изјави дека репресијата во Русија „веќе се забрзува“. „Ние всушност имаме два фронта“, вели Колесников, додавајќи:

„Едниот фронт се нарекува „специјална воена операција надвор од границите на Русија“. Другиот е наречен „специјална безбедносна операција за населението на Русија“. Тие се движат паралелно и се зајакнуваат еден со друг, мислам дека репресиите само ќе се влошат. „Тие ќе бараат „петта колона“, како што рече Путин кога зборуваше за „национални предавници“.Ова е практично карт-бланш за безбедносните сили да ја засилат работата што веќе ја започнаа“.

„Националните предавници“, заклучува Колесников, станаа современиот еквивалент на фаталната етикета „непријател на народот“ од најтемните денови на владеењето на диктаторот Сталин.

Според OVD-Info, граѓанска група која ја следи политичката репресија, повеќе од 15.000 луѓе се приведени во Русија поради антивоени активности од руската инвазија на Украина на 24 февруари.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG