Достапни линкови

Молк од Кина за извештаите за руски злосторства во Украина


Состанок на Кина, Франција и Германија за руската инвазија врз Украина
Состанок на Кина, Франција и Германија за руската инвазија врз Украина

Убиството на цивили во Буча е последниот тест за поддршката на Пекинг за Русија и се чини дека тоа е уште еден тест што Москва ќе го помине. Пишува дописникот на РСЕ, Рид Стандиш

Кина досега во јавноста одбиваше да ја осуди инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина и засега не е јасно дали воопшто извештаите за злосторствата на руските војници ќе ја сменат кинеската поддршка.

Случувањата во украинскиот град Буча, како и фотографиите кои го обиколија светот во изминативе неколку дена од мртви цивили чии тела со денови биле оставени да лежат во дворови и на улиците, предизвикаа серија реакции и повици за нови санкции од светските лидери. Но, не и од Кина. Кинеските власти главно молчат.

Неколку кинеските амбасади ширум светот на социјалните мрежи, во објави и коментари го споделија ставот од корисничките налози на руските амбасади со кои се доведува во прашање легитимноста на извештаите на Буча. Кинескиот амбасадор во ОН Џанг Јун, фотографиите од Буча ги нарече „вознемирувачки“, но додаде дека обвинувањата треба да се засноваат на факти и дека деталите се уште не се проверени.

Кинеските државни медиуми во своите новински извештаи постапуваат претпазливо. Дел од нив и воопшто не ги спомнаа убиствата во Буча, додека оние кои известуваа за нив едноставно ги повторија негирањата на Москва дека руските сили биле вмешани.

Меѓутоа, на интернет во Кина, дискусијата за злосторствата е активна, и не само што го повторува руското негирање на одговорноста, туку и тврдењата од Москва дека убиствата во Буча се „уште една измама“, како што рекоа од руското Министерство за одбрана и други руски официјални лица.

Злосторствата во киевското предградие Буча
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:18 0:00

Веибо, популарната кинеска страница за социјални медиуми, е полна со објави од водечки и познати блогери кои ги преиспитуваат не само извештаите за руската вмешаност, туку и вистинитоста на фотографиите и видеата што се појавија од телата, при што некои ги обвинуваат украинските борци за смртта на цивилите.

Додека деталите за Буча сè уште се појавуваат во светските медиуми и истрагите за убиставата се во тек, украинскиот претседател Володимир Зеленски обвини дека Русија мачела и убила повеќе од 300 цивили во областа. Тој во својот говор на Советот за безбедност на ОН додаде дека Киев има непобитни докази за да ги поткрепи своите тврдења.

Во меѓувреме кинеските државни медиуми го туркаат рускиот наратив за инвазијата до кинеската публика дома и во странство, а се чини дека случувањата во Буча се последниот тест за поддршката на Пекинг.

Професорот Стив Цанг од Универзитетот СОАС во Лондон за Радио Слободна Европа вели дека Кина и Русија „засега се венчани бидејќи реалноста е дека политиката на Кина е диктирана од претседателот Кси Џинпинг кој лично го поддржува Путин“.

Шефот на Азиско-пацифичкиот оддел во Центарот за студии за армија, со седиште во Киев, Јуриј Поита, вели дека во исто време кога украинската влада се обидува да одржува пријателски односи со Пекинг, кинеската поддршка на Русија негативно влијае врз перцепцијата на јавноста кон Украина.

„Во украинската експертска заедница, се верува дека Кина, со нејзината премолчена согласност за војната на Москва, сноси свој дел од одговорноста за руската инвазија, па дури и дека недостатокот кинеска осуда на дејствијата на Кремљ укажува на индиректна поддршка за воените злосторства на Русија“, вели тој.

Во „подрум за егзекуција“ во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Кина и ЕУ одржаа тензичен самит на 1 април, на кој Брисел сакаше да го предупреди Пекинг дека ќе има последици ако и обезбеди помош на Русија во време на нејзината инвазија врз Украина. Односите меѓу Пекинг и Брисел веќе беа деликатни, но молчењето на Пекинг за руската инвазија дополнително ги влоши.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG