Достапни линкови

Македонско-бугарската историска комисија на нов состанок


Ангел Димитров и Драги Георгиев , копретседавачи на комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија
Ангел Димитров и Драги Георгиев , копретседавачи на комисијата за историски прашања меѓу Бугарија и Македонија

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања се подготвува за нов состанок идната недела. Средбата ќе се одржи во изборен период во двете земји. И додека од комисијата најавуваат дека таа ќе биде онлајн, министерот Османи инсистира да се одржи во живо.

По четири месеци пауза Мешовитата комисија за историски и образовни прашања ќе одржи нова средба. Извори во комисијата за РСЕ потврдија дека средбата ќе се одржи на 21 и 22 октомври и како и претходната, што се одржа во јуни, ќе биде онлајн поради пандемијата со коронавирусот.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, оцени дека сите отворени прашања со Бугарија можат да се решат, но како што рече, камен на сопнување во моментов е ќорсокакот во работата на мешовитата комисија за историски прашања. Тој додаде дека бараат модус како да ги раздвижaт членовите од двете страни за работите да се поместат од мртва точка, а првиот чекор, според него, е наместо онлајн, состанокот да го одржат со физичко присуство.

Инаку, најавената средба ќе се одржи во период во кој првиот круг од локалните избори во Македонија ќе биде завршен, а во Бугарија во тек е кампања за претседателските и предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 14 ноември.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија комисијата мора да продолжи со работа без разлика на политичката состојба во двете земји.

„Клучно е да не се политизира нејзината работа, а тоа наједноставно би се направило преку поретки, повнимателни изјави, или пак и немање изјави по секоја средба“, вели Трошановски.

И додека домашната политичка сцена во двете држави е изборна, Софија и Скопје работат на таканаречениот план 5+1 кој како што најави бугарскиот министер Светлан Стоев, ако се договори би можело да го потпишат тој и неговиот македонски колега Бујар Османи. Ако биде потпишан нејасно засега е дали Бугарија ќе дозволи напредок во македонските европски интеграции кои ги блокираше лани.

Македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања пак, е една од шесте точки кои се дел од планот. Засега е нејасно и што точно ќе има во планот поврзано со нејзината работа.

Комисијата дел од планот 5+1

Вицепремиерот Никола Димитров, кој заедно со премиерот Зоран Заев се сретна со европските претставници и бугарскиот претседател Румен Радев минатата недела во Брдо кај Крањ, во интервју за Радио Слободна Европа дадено летово рече дека во евентуален патоказот со Бугарија може да го има процесот за работата на комисијата, но не и содржината.

На пример вели, во него може да има колку пати годишно ќе се среќаваат членовите на комисијата, тоа што е договорено да биде веднаш објавено од македонска и од бугарска страна, или пак, да се воведе експертиза и искуство од работата на комисијата од трета страна.

„Во патоказот ние може да зборуваме за процесот, а не може да наметнуваме оти ќе се искрви процесот и нема да биде вистинско решение. Времето е важен фактор за да има вистинско решение кое нема да биде наметнато од политиката. Општествата треба ова да го прават. Ние треба да се бавиме со тоа што ни е работа, со денес и утре, а со вчера општествата треба да се бават, пред се, најповиканите, историчарите“, вели Димитров.

Кржаловски:Се што бара Бугарија да ни покаже како тоа го решила кај нив
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:43 0:00
Директен линк

Јунската средба- најтешка и разочарувачка

Инаку последната средба на комисијата се одржа во јуни. Брифинзите и изјавите од двата тима, македонскиот и бугарскиот, тогаш упатуваа на тоа дека средбата не поминала најдобро.

Тој 14 состанок откако се формираше комисијата како што соопштија од македонскиот тим историчари „бил најтежок досега“.

„Нема волја кај бугарската страна да се дојде до решение во кое историското образование не би било основа за политичка инструментализација. Бугарскиот тим гледа можност да го наметне во друга држава својот поглед на минатото и образовниот систем“, брифираа тогаш од македонскиот тим.

Директен линк

Копретседавачот на комисијата и шеф на бугарскиот тим Ангел Димитров по таа средба изрази разочарување и уште тогаш најави дека новиот состанок ќе биде во октомври.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG