Достапни линкови

Коронавирус - мали совети против невидливиот непријател


Многу градови, но и земји ширум светот доживуваат своевиден полициски час како дел од обидите да се намали ширењето на новиот коронавирус и заболувањето од него КОВИД-19. Па, како да се снаоѓаме во новата реалност?

Во ограничувањето на движењето што ги препорачуваат владите ширум светот иако се дозволени некои основни работи, како што е одењето во самопослуга и аптека, сепак ќе треба да бидете внимателни за да го минимизирате ризикот од изложеност на себе и на другите.

Социјалното дистанцирање, носењето маска на лице и темелното миење на рацете сè уште се основните мерки во борбата против коронавирусот познат официјално како САРС-КоВ-2 кој лесно се шири. Сепак, добро е да се знаат уште неколку техники, кога на пример, ќе одите во продавница.

Не чепкајте ништо со прстите

Наместо тоа користете ги нозете, лактите и колена

Ако сè уште притискате на лифтовите копчиња со врвовите на прстите, престанете.

Секогаш кога треба да отворите врата и да притиснете копче користете друг дел од телото. Ги имате многу.

Отварајте врати со ракави, а после лесно можете да ја фрлите облеката за перење, наместо да ја изложувате кожата на вирусот.

Размислете за купување автоматски диспензер за сапуни за дома, така што не треба да се грижите за микробите.

Обрнете внимание и на тоа каде го ставате телефонот. Колку помалку можете да го изложите вашиот телефон на заеднички површини, толку помалку ќе треба да се грижите за тоа.

Носете свои кеси и торби за купување

Ако не сте започнале да носите свои кеси за купување во самопослуга, сега е добро време.

Користењето на сопствената торбичка значи дека не туркате количка или носите корпа допрена од десетици други. Поентата е да се намали какво било потенцијално взаемно инфицирање.

Без гушкање

Милиони луѓе се самоизолираат, но во случај да се видите со некој член на семејство, пријател или сосед, избегнувајте да се гушкате или да се ракувате.

Запомнете, дури и ако се чувствувате добро лично, социјалното дистанцирање е најдобар начин да ги заштитите вашите постари роднини и оние со здравствени компликации.

Не е секогаш очигледно кога некој има компромитиран имунолошки систем или друг невидлив здравствен проблем.

Измијте ги рацете секој пат кога ќе дојдете дома

Првото нешто што ќе го направите кога и да се вратите дома е да ги измиете рацете со сапун. Тоа ја зголемува ќе вашата безбедност. Тука се и дезинфекциските марамчиња, влажните марамчиња и другите производи од хартија.

Престанете да плаќате со готовина

Парите се сметаат за валкани - никогаш не знаете каков вид бактерии има на нивната површина.

Ако можете да платите со кредитна картичка наместо со кеш, би можеле да го намалите тоа мрачно чувство дека правите нешто што може да го загрози вашето здравје.

Новиот коронавирус, според последните испитувања, може да се прилепи и остане на површини, како што е вашата јакна или таблет, до девет дена на собна температура.

Потоа, се смета дека умира и повеќе не може да ве заразува.

Знаеме дека темелното чистење со сапун и вода ја убива структурата на вирусот.

Бидејќи КОВИД-19 инкубира во телото од еден до 14 дена, можете да го продолжите времето под изолација до две недели, ако сте дополнителни загрижени.

Не земајте лекови на своја рака

Светската здравствена организација препорача дека лицата кои страдаат од симптоми слични на КОВИД-19 треба да избегнуваат само-лекување со ибупрофен, откако француските власти предупредија дека може да ги влоши ефектите на вирусот.

„Во меѓувреме, препорачуваме да користите парацетамол“, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмаер.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG