Достапни линкови

Научниците не се сигурни дали можете двапати да се заразите со ковид-19


Нема гаранција дека луѓето кои прележале ковид-19 се имуни на болеста.
Нема гаранција дека луѓето кои прележале ковид-19 се имуни на болеста.

Не е познато дали некое лице кое оздравело од ковид-19 може да се разболи повторно. Но, новите студии покажуваат дека антителата произведени природно кај пациенти со коронавирус не траат многу долго. Едно истражување сугерира дека владите кои размислуваат за „пасоши на имунитет“ за луѓе со антитела на ковид-19 треба да го преиспитаат таквиот план.

Една нова студија од Кина покажува дека нивоата на антитела пронајдени кај пациенти со ковид-19 паднале драматично два до три месеци по инфекцијата.

Истражувачите велат дека нивните наоди го отвораат прашањето за долготрајноста на каков било имунитет против коронавирусот.

Студијата, објавена во списанието „Nature Medicine“ ги поддржува аргументите на оние кои велат дека физичкото дистанцирање и другите ограничувања на јавното здравство треба да продолжат.

Мобилна единица за тестирање на германската армија и германскиот Црвен крст се подготвува пред домовите на вработените во фабриката „Тенис“ по избувнувањето на болеста ковид-19
Мобилна единица за тестирање на германската армија и германскиот Црвен крст се подготвува пред домовите на вработените во фабриката „Тенис“ по избувнувањето на болеста ковид-19

Сè уште нема дефинитивен одговор дали закрепнатиот пациент од ковид-19 може да се зарази со болеста по втор пат, или колку долго може да биде имун.

Ковид-19 во кланица во Германија ја загрозува стратегијата за локални мерки

Но, студијата од Кина укажува дека идејата за издавање на таканаречен „пасош на имунитет“ за оние за кои е докажано дека имаат антителата би можело да биде ризично во однос на контролата на истите.

Некои земји ја истражуваат идејата да им издадат вакви документи на оние што имаат позитивен тест на антитела - кои остануваат во телото откако некое лице го имало коронавирусот.

Плановите за „пасош за имунитет“ ќе им овозможат на луѓето со позитивни тестови на антитела да се вратат на работа - па дури и да патуваат - под претпоставка дека се имуни на вирусот.

Азербејџан - Општинските работници кои носат заштитни костуми, во услови на загриженост поради ширењето на коронавирусот ковид-19, дезинфицираат една улица во Баку, 21 јуни 2020 година
Азербејџан - Општинските работници кои носат заштитни костуми, во услови на загриженост поради ширењето на коронавирусот ковид-19, дезинфицираат една улица во Баку, 21 јуни 2020 година

Антителата се специфичен вид на протеини, произведени во телото на човекот, што му овозможуваат на неговиот имунолошки систем да идентификува и да се спротивстави на странски тела, како што се вирусите.

Од почетокот на пандемијата, научниците се прашуваат дали сите заразени со коронавирус произведуваат антитела - и оние со симптоми и оние кои се асимптоматски.

Истражувачите исто така се обидоа да утврдат колку долго остануваат антителата кај пациент кој оздравел од ковид-19.

За три недели повеќе заболени отколку во претходните три месеци

„Бројни докази покажаа дека асимптоматските лица можат ефикасно да го шират вирусот, а појавата на овие тивки пренесувачи на коронавирусот предизвика тешкотии во контролата на епидемијата“, наведуваат кинеските истражувачи, додавајќи:

„Сепак, нашето разбирање за клиничките карактеристики и имунолошкиот одговор на асимптоматските лица со инфекции на коронавирус е ограничено“.

Тие сметаат дека нивните податоци сугерираат оти „асимптоматските индивидуи имаат послаб имунолошки одговор“ на инфекцијата и дека намалувањето на „неутрализирањето на нивото на антитела во раната фаза може да има импликации врз стратегијата за имунитет“.

Казахстан - Здравствените работници во мобилна станица за тестирање на ковид-19 во Алмати
Казахстан - Здравствените работници во мобилна станица за тестирање на ковид-19 во Алмати

„Овие податоци може да укажуваат на ризици од употреба на „пасоши на имунитет“ и да го поддржат продолжувањето на јавните здравствени интервенции, вклучително физичкото дистанцирање, хигиената, изолацијата на групи со висок ризик и широко распространетото тестирање“, се оценува во трудот објавен во „Nature Medicine“ .

Во меѓувреме, една друга студија, спроведена од истражувачи во Соединетите Држави, сугерира дека дури и ниско ниво на антитела може да биде доволно за да се заштити една личност од коронавирусот.

Таа студија беше објавена во списанието „Nature“.

„Се чини дека дури и ниските нивоа на одредени антитела имаат моќна неутрализирачка способност“, изјави вирологот на универзитетот Колумбија, Ангела Расмусен за Њујорк Тајмс по прегледот на најновите истражувања.

СЗО: рекордно голем број заразени со коронавирус во еден ден

Но, таа додава дека тие ниски нивоа „не мора да значат дека пациентот ќе биде заштитен од повторно заболување“.

Американската студија исто така открива дека асимптоматските луѓе го шират вирусот подолго од пациентите кои имаат симптоми.

Иранци со маски за лице во услови на пандемична криза со ковид-19.
Иранци со маски за лице во услови на пандемична криза со ковид-19.

Расмусен смета дека откритието е интересно затоа што „всушност може да укаже на тоа дека овие асимптоматски пациенти се навистина способни да пренесат вируси“.

Сепак, научниците велат дека е потребна поголема работа за да се утврди дали другите луѓе можат да се заразат од вирус што го имаат асимптоматските носители.

Пробив против ковид-19, евтин лек спасува животи

Акико Ивасаки вирусен имунолог од универзитетот Јеил, вели дека натамошните истражувања треба да разјаснат дали асимптоматските носители шират инфективен вирус или неинфективни остатоци од вирусот.

Ивасаки заклучува дека најновите студии „ја потенцираат потребата од развој на силни вакцини“, а службениците во јавното здравство да заборават на идејата дека „имунитетот на стадо“ може да се постигне природно со текот на времето.

„Имунитетот што се развива природно за време на инфекцијата е краткотраен кај повеќето луѓе“, вели таа, додавајќи:

„Не можеме да се потпреме врз природна инфекција за да постигнеме имунитет на стадо“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG