Искачување планина за високо образование
Саифулах Абас Африди, 22 годишен студент на политички студии од Пакистан скоро секој ден ги искачува најблиските врвови за да добие интернет и да присуствува на онлајн наставата. Поради пандемијата од коронавирусот, неговиот факултет, како и останатите низ светот, се затворени за настава.