Достапни линкови

Ковид-19: добра превенција и лоша економија


Ограничувањата спасија милиони луѓе од ковид-19
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:02 0:00

Ограничувањата спасија милиони луѓе од ковид-19

Најновите научни студии оценуваат дека строгите ограничувања за коронавирусот само во неколку земји во март и април спасија милиони животи. Во меѓувреме, продолжува потрагата по вакцина за коронавирусот, а ОН предупредува на тешките економски последици кои ќе ги остави пандемијата.

Превенција

Научниците проценуваат дека ограничувањата во шест држави одложи или спречи околу половина милијарда случаи на ковид-19.

Студијата објавена во списанието „Нејчр“ користела податоци од Кина, Јужна Кореја, Италија, Иран, Франција и САД.

Рестриктивните мерки спасија милиони луѓе од ковид-19

Истражувачите ги споредиле стапките на инфекција пред и по стапувањето во сила на ограничувањата. Соломон Хсијанг кој е коавтор на студијата вели:

„Она што откривме е дека од почетокот на епидемијата до почетокот на април, овие политики заедно го намалија бројот на случаи на овие шест земји за околу 500 милиони вкупни инфекци. Имаше огромни и невидени економски тешкотии што луѓето од целиот свет мораа да ги истрпат во напорите да се обидат и да го задржат овој вирус. Сите овие напори не беа залудни и мислам дека она што го покажува нашата студија е навистина скалата на она што го направи човештвото“.

Повторно отворање на границите во ЕУ
Повторно отворање на границите во ЕУ

Тимот откри дека затворањето на деловните активности и наредбите за останување дома имаат големо влијание врз забавување на стапката на инфекции, додека затворањето на училиштата имало далеку помал ефект.

Растојанието и маските го намалуваат ризикот од Ковид-19

Повеќе докази се појавија и во корист на универзална употреба на маски во јавноста.

Истражувачите од универзитетите Кембриџ и Гринич откриле дека пренесувањето на ковид-19 е значително намалено кога целото население користи маски - не само лицата со симптоми на заболување или оние со високи ризици.

Третман

Истражувачите во Австралија тестираат дали лекот создаден за лекување на мозочни удари може да ги подобри стапките на преживување од ковид-19.

Многу пациенти со сериозни случаи развиваат згрутчување на крвта, што може да предизвика мозочен и срцев удар и други сериозни компликации.

Што се не знаеме за ковид-19?

Шон Џексон, експерт за кардиоваскуларни истражувања вели:

„Ако можеме да го запреме процесот на згрутчување, мислиме дека можеме да го претвориме ковид-19 од навистина тешка болест која е опасна по живот, во тешка респираторна болест. Тоа не бара други итни медицински интервенции што ги извршуваме сега. Ако можеме да го сториме тоа, тоа ќе ја смени играта и ќе има огромно влијание не само врз пациентите, туку потенцијално и врз здравствениот систем ширум светот“.

потрага по лек за коронавирусот
потрага по лек за коронавирусот

Лекот треба да се тестира во странство, затоа што во Австралија нема доволно тешки случаи на ковид-19 за поголемо испитување.

Во Русија, болниците и клиниките започнаа да примаат антивирусен лек одобрен за третман на ковид-19.

Руската потрага по вакцина за коронавирусот е под прашање

Министерството за здравство на Русија го одобри лекот Авифавир, под посебен забрзан процес, додека клиничките испитувања сè уште беа во тек.

Главниот кардиолог во администрацијата на рускиот претседател Никира Ломакин вели:

„Овој лек е многу ефикасен, а доказите што ги собравме за време на испитувањата и посматрањето на тие пациенти е во согласност со податоците добиени во претходните испитувања, вклучувајќи ги и кинеските. И тоа е дека лекот го елиминира вирусот брзо и температурата на телото е спуштена во споредба со контролната група што добива вообичаен третман.“

Испитувањата врз човекот на неколку постојни антивирусни лекови не дадоа конечни резултати.

Економија

Лидерите на ОН издадоа дополнителни сериозни предупредувања за влијанието на кризата врз најсиромашните во светот.

генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш
генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на значително проширени обврски за олеснување на најлошите ефекти.

„Нашите системи за храна пропаѓаат, а пандемијата со ковид-19 ги влошува работите. Освен ако не се преземат итни активности, сè повеќе е јасно дека постои претстојна глобална криза за храна, која може да има долгорочни влијанија врз стотици милиони деца и возрасни. Оваа година, уште околу 49 милиони луѓе може да паднат во екстремна сиромаштија како резултат на кризата со ковид-19“.

Светска банка предвидува најголем пад на економијата и раст на сиромаштијата

Марк Лоукок потсекретар за хуманитарни прашања на ОН изјави дека ќе бидат потребни дополнителни 90 милијарди долари за да им се помогне на најранливите 10 проценти од луѓето во најсиромашните земји во светот.

„Тоа е значителна сума, но исто така е и прифатлива. На пример, е еквивалентна на само еден процент од глобалниот пакет за стимули што ги даваат најбогатите земји во светот за да се спаси глобалната економија“.

илустрација
илустрација

Според ОН, мерките за глобален развој годинава одат наназад за прв пат во три децении. Организацијата за економска соработка и развој соопшти дека јавното здравство не смее да се жртвува заради економиите на земјите. Ангел Гуриа, генерален секретар на ОЕЦД вели :

„Претставувањето на проблемот како избор помеѓу животите и егзистенцијата, што значи избор помеѓу здравството и економијата, е лажна дилема. Ако пандемијата не се стави под контрола, нема да има стабилно економско закрепнување“.

Коронавирусот ќе предизвика години на немири и глад во најсиромашните земји

Официјалните претставници на ОЕЦД велат дека економските стратегии мора да вклучуваат подобрена социјална и здравствена заштита, како и меѓународна соработка во борбата против ковид-19.

Вакцина

Бразил соработува со кинеска фармацевтска компанија за производство на експериментална вакцина против коронавирус.

По минувањето на првите две фази на испитувања во Кина, вакцината сега ќе биде тестирана на 9000 бразилски волонтери.

Гувернерот на Сао Паоло Жоао Дориа вели:

„Вакцината од Институтот Бутантан е една од понапредните вакцини против коронавирус. Студиите покажуваат дека таа ќе биде достапна во првата половина на 2021 година по што ќе се имунизираат милиони Бразилци“.

Бразил, илустрација
Бразил, илустрација

Бразил сега има најголем број нови случаи ковид-19.

Повеќе од 100 вакцини против коронавирус се во развој низ целиот свет, но тестирањето за безбедност и ефикасност може да трае една година или повеќе. Здравствените експерти и организации истакнаа дека сите успешни вакцини треба да бидат масовно произведени и достапни на глобално ниво.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG