Арсовска – Над 99 проценти од фирмите се погодени од кризата
Со ликвидност се борат две третини од фирмите. Над 99 проценти од анкетираните компании рекоа дека имаат намалување на приходите од почетокот на оваа криза, вели претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.