Достапни линкови

До вториот круг ќе се ветуваат брда, долините доаѓаат гратис


Илустрација
Илустрација

Ловот на гласови пред вториот круг од локалните избори започна. Се ветуваат брда, на две ветени брда доаѓа една долина гратис. Граѓани, барајте им повеќе, очајни се да победат, коментираат граѓаните на социјалните мрежи.

Првиот круг од локалните избори заврши и беа избрани 34 градоначалници. Во две општини, поради мала излезност, првиот круг ќе се повтори, а за 10 дена ќе се избере градоначалник во уште 45 општини во вториот круг. Во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалници, СДСМ девет, а ДУИ тројца.

Ловот на гласови започна. Се ветуваат брда, на две ветени брда доаѓа една долина гратис. Резервоарот веќе нема да биде ни половина полн, ни половина празен.

Граѓаните на социјалните мрежи се шегуваат дека предизборните ветувања се како хранење дете.

Со оглед на тоа што ветувањата се премногу добри, општините може да ги водат президиуми.

Речиси сите кандидати ветуваат по нешто бесплатно за граѓаните – некој ветува бесплатен превоз, друг бесплатно полагање за возачка, трети бесплатен интернет. На прашањето кој тоа ќе го плати, граѓаните иронично коментираат „па предузеќе ќе да плати“, потсетувајќи на култната реплика на Среќко Шоиќ во популарната Тесна кожа.

Други, пак, потсетуваат дека и сега има „леб без мотика“.

Трети, пак, се шегуваат дека е најважно да се гради.

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ Оливер Илиевски вети дека Општина Куманово ќе плаќа полагање за возачки испит за 1000 млади луѓе кои наполниле 18 години, како дел од пристапoт за субвенционирање на младите. Тој ,исто така, најавува бесплатен градски превоз за сите граѓани во текот на зимските месеци. Барајте повеќе, сега се очајни за победа, иронизираат граѓаните на социјалните мрежи.

Кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски, пак, ветува бесплатен интернет во секое училиште во градот и во секое село на територијата на Општина Битола.

Независната кандидатка за Скопје Данела Арсовска, која е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ветува бесплатен јавен превоз за сите граѓани. Актуелниот градоначалник Петре Шилегов, пак, досега беше поумерен – секој ден бесплатно, ама само за пензионерите, кои сега бесплатно се возат во вторник, петок и во викенди.

Едно од вечните ветувања во Охрид за изградба на марина повторно се најде во предизборните програми. Охриѓани скептични дека и овојпат ќе се изгради.

Битола си го има вечното ветување за затворен базен, но некои потсетуваат дека такви ветувања што се рециклираат на секои избори има и во Центар.

И после како човек да биде задоволен од предизборната понуда.

На луѓето што ќе паднат од власт, нема да им биде лесно.

Сепак, во вториот круг остануваат само по двајца кандидати, па топката малку се спушта. Во изминатите три недели се ветуваше сешто – од пловен Вардар во Скопје, бесплатен јавен превоз за сите, борба против урбаната мафија, повеќе зеленило. Граѓаните очекуваа до крајот на кампањата партиите да ветат и вселенска програма.

  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Трендинг е седмична рубрика на Радио Слободна Европа на македонски јазик, во која автентично ви пренесуваме дел од највпечатливите коментари на социјалните мрежи за одредена тема. Пренесените коментари се мислења или ставови на авторите на коментарите и не се дел од уредувачката политика на РСЕ.

Повеќе
XS
SM
MD
LG