Иако Пекинг не ја поддржа Москва во неколку клучни моменти од нејзин стратешки интерес, сепак последните неколку години двете држави ги унапредуваат односите кои, според експертите, на некој начин најавуваат сојуз. Огромната економска соработка, заедничките воени вежби и блискиот став за западната политика се она што навестува нов сојуз, но некои политички аналитичари сметаат дека зад сето тоа стои политичката романса на двајцата претседатели Владимир Путин и Си Џипинг.
„Најветувачкото претскажување за политички сојуз на Русија и Кина е личниот однос на владарите на овие две држави. Пријателскиот однос на Путин и Џипинг е многу повеќе од површинска човечност. Џипинг неодамна рече дека Путин е неговиот најдобар пријател, а Путин рече дека постојано се сеќава на неговиот 61-роденден кога со Џипинг јаделе колбаси и пиеле вотка“, коментира Леон Арон, директор на Руски студии на Американскиот ентерпрајс институт.
„Фореин афеарс“: Големи режимски сличности
Многу факти го покажуваат тоа, велат експертите. Путин му го даде на Џипинг орденот Свети Андреа, највисокото цивилно одликување во Русија, до сега се сретнале 25 пати што е многу повеќе одошто двајцата се среќаваат со други светски лидери, меѓусебно си ги искористуваат политичките техники за справување со клучни ситуации итн.
Магазинот „Фореин афеарс“ анализира дека постојаните меѓусебни афинитети помеѓу овие двајца лидери речиси секогаш се рефлектираат не само на поклопување на нивните геополотички цели туку имаат и „режимски сличности“.
„И двајцата председаваат над верзија на државен капитализам. Фактот дека Џипинг го привлекува Путин не е тешко да се рабере: кинескиот лидер е колега диктатор кој контролира голема економија, за каква, и покрај пречките што ги има, Кремљ може само да сонува. Почитувањето пак, на Џипинг кон Путин веројатно потекнува од решавањето на неколкуте потенцијално експлозивни домашни политички проблеми на рускиот лидер, слични на оние со кои Си и самиот се соочи“, коментира еден од колумнистите на „Фореин афеарс“.
Кљамкин: Милитаризиран патриотизам
Џипинг ископира уште неколку клучни потези на Путин, особено потезите што ги направи кога го освои третиот мандат и место предложените либерални реформи почна нешто, кое според водечкиот руски политички социолог, Игор Кљамкин, е формула за „милитаризиран патриотизам“.
Тие потези кои Кљамкин ги нарече милитаризиран патриотизам беа „зголемување на приходите на Кремљ како бранител на Русија од американската агресија и како реставратор на старата руска слава како глобална суперсила“. Истовремено, како што вели, професорот Арон во својата анализа во „Фореинафеарс“, Путин повика на патриотско воспитување на младите, многу невладини организации ги означи како странски агенти, ја засили моќта на руската црква и направи неколку клучни потези во озбразованието.
„На патот на своето шефување и доживотно управување со државата, Џипинг ги репризираше путиновите избори. Политиката ја сконцентрира во кабинетот на партискиот претседател, почна 'антикорупциска' кампања за да ги елиминира противниците и по примерот на неговиот најдобар другар Владимир, воведе своја верзија на милитаризиран патриотизам, враќајќи ја надмоќта на Комунистичката партија, спојувајќи го социјализмот со традициите на кинеската култура и почнувајќи војна против духовното загадување“, вели Арон.
Пекинг ја копираше Москва и во поглед на надворешната политика и, токму како Путин, и Џипинг дипломатијата ја направи, како што вели Арон, „од асертивна до агресивно експанзионистичка“.
Дали оваа политичка романса на Си и Владимир ќе направи антизападен сојуз ќе покаже времето. Она што до сега се гледа е дека пријателството расте.