Достапни линкови

Ви смета отпечатокот сега? - Вие коментирате


Земање отпечаток на прст
Земање отпечаток на прст

Ќе падне ли пак ситемот и на овие избори, се прашуваат граѓани по неделното интервју на РСЕ со претседателот на ДИК, кој вели дека сега се преземени повеќе заштитни мерки. На социјалните мрежи, читателите коментирале и за наградата за мир што ја примија Заев и Ципрас и за смртноста од ковид.

Апаратите за земање отпечаток на прст би требало да пристигнат неделава, а претседателот на ДИК, Александар Даштевски, во нашето редовно неделно интервју вели:

„Презедовме многу мерки за заштита на податоците на граѓаните што ни ги дава МВР и тие се криптирани и никој не може да ги декриптира“.

Блаже Павловиќ потсетува на паѓањето на системот на претходните избори: „Вие на сѐ ќе му најдете крајот. Ќе падне системот пак“, иако Даштевски вели дека системот со овие апарати нема да биде приклучен на интернет, па не може да се хакира.

Даштевски: Цел тим, a не еден инженер ќе се грижи за ИТ безбедноста на ДИК
please wait

No media source currently available

0:00 0:14:17 0:00

Бранко Николовски, кој според профилот живее во Германија, коментира: „Во никоја држава народот не дава отпечаток на прст, тоа е строго забрането...“, а Горан Јакимов прашува: „Ви смета отпечатокот сега? Така да продолжи криминалот и понатака...“

Информацијата на РСЕ дека премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја примија Мировната награда на Вестфалија за потпишувањето на Преспанскиот договор, ја следат огромен број ваши негативни коментари.

Премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на 28 август 2021 ја примиja Меѓународната награда за мир на Вестфалија поради потпишувањето на Преспанскиот договор
Премиерот Зоран Заев и поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на 28 август 2021 ја примиja Меѓународната награда за мир на Вестфалија поради потпишувањето на Преспанскиот договор

Премиерот Заев изјави дека „сме целосно свесни дека ја ставивме нашата политичка кариера во ризик“, а Игор Икс возвраќа: „Точно знаеш дека политичката кариера ти е во ризик. Ти не го претставуваш мнозинството гласачи. Не гласаше мнозинството за вас“. „Не, за фалсификаторите на ʼпобедитеʻ со тројни лични карти и пустечани гласачи“, се надоврзува Лидија Пренџова со контра реакција. Гоце Бошкоски дебатира со Лидија Пренџова и вели: „Која беда од изроди сте, Македонците од Пустец, кои се 4.500 гласачи со право на глас ви сметаат, но не и Косоварите кои се носат со авиони и автобуси... За лични карти обрати се кај Оли... Ја уништивте, бре, Македонија вие и партиските војници и вашите ви лидери од сите партии. Но, вие во овие три години сте најголема катастрофа и беда“. Одговорот на Лидија Пренџова е следниов: „Додека ги трошат милијардите во Будимпешта, а ние ги враќаме, мислете си дека овие 3 години се беда. А не 11-те стиропорни и бронзени споменици за пљачка во стилот на Атила бич Божји“.

По изјавата на министерот Венко Филипче дека анализата на Министерството за здравство покажува дека смртноста од компликации од короната е драстично поголема кај невакцинираните граѓани, по која следуваат исто така огромен број негативни коментари на неверување и дека тој лаже, и пцовки и лични навреди, Дејан Јакимовски коментирал: „Морав и јас вака, ја претеравте, нека ве читаат овците, ај, со лесно нека ви е мубаетот“, и постирал карикатура на која еден човек, гледајќи ТВ се прашува: ʼШто можам да направам да престанам да живеам со стравʻ и го исклучува телевизорот.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG