Достапни линкови

Смртта на Насрала ќе биде „голема загуба“ за Хезболах и Иран


Архивска фотографија, Лидерот на либанскиот Хезболах, Саид Хасан Насралах им се обрати на своите приврзаници за време на јавниот настап на верска поворка за одбележување на Ашура во јужните предградија на Бејрут
Архивска фотографија, Лидерот на либанскиот Хезболах, Саид Хасан Насралах им се обрати на своите приврзаници за време на јавниот настап на верска поворка за одбележување на Ашура во јужните предградија на Бејрут

Смртта на лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, ќе има далекусежни последици за либанската организација и нејзиниот клучен сојузник Иран.

Смртта на Хасан Насрала е значаен удар за Хезболах и клучниот спонзор на организацијата, Иран.

Израелската војска соопшти дека го убила лидерот на Хезболах, милитантна група и политичка партија која контролира голем дел од јужен Либан, во воздушните напади во главниот град Бејрут на 27 септември.

Милитантната група Хезболах, која САД ја прогласија за терористичка организација, со соопштение потврди дека нејзиниот водач Хасан Насрала е убиен. Со тоа го потврди тврдењето на израелската војска дека тој е убиен во серија напади кои се случија на 27 септември.

„Хасан Насрала, генералниот секретар на Хезболах, им се придружи на своите големи, бесмртни соборци и маченици кои ги водеше околу 30 години“, се вели во соопштението на Хезболах на 28 септември.

Во неговите повеќе од 30 години на чело со Хезболах, Насрала ја трансформираше шиитската организација во голема политичка сила во Либан и моќен противник на соседниот Израел.

Хезболах, кој САД го сметаат за терористичка организација, иако Европската унија го стави на својата црна листа само вооружено крило, но не и политичката партија. Воедно се смета дека е водечки член на таканаречената иранска оска на отпор, лабава мрежа на ирански прокси и милитантни групи поддржани од Техеран против Израел и САД.

Хезболах вети дека ќе ја продолжи својата борба против Израел и покрај смртта на неговиот лидер.

Смртта на Насрала ќе биде „голема загуба и срам“ за Иран, рече директор на Центарот за Блискиот Исток, Али Фатолах-Неџад, организација која е со седиште во Берлин.

„Тоа би претставувало „најтешкиот удар за регионалната положба на Техеран“ од атентатот на главниот ирански командант Касем Сулејмани во американски воздушен напад во Ирак во 2020 година“, изјави Фатолах-Неџад за Радио Фарда на РСЕ.


Насрала, Сулејмани и иранскиот врховен водач ајатолахот Али Хамнеи „го сочинуваа јадрото на експанзивните регионални амбиции на Иран“, рече тој.

Харизматичен свештеник и вешт оратор, Насралах беше избран за шеф на Хезболах на 32-годишна возраст. Со значителна финансиска и политичка помош од Техеран, Насрала го изгради Хезболах во моќен политички и воен ентитет во Либан и главен играч во регионот.

„Смртта на Насрала ќе има „сериозни импликации“ врз операциите на иранската оска на отпор. Краткорочно, тоа ќе резултира со сериозни празнини, недостаток на координација и нејаснотија“, изјави соработникот во германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања, Хамидреза Азизи за РСЕ.

Според него, отворена е можноста јеменските бунтовници Хути кои се дел од оската би можеле да ја преземат власта во Хезболах доколку Иран одлучи да воспостави нова хиерархија во мрежата.

Хутите беа „поефикасни“ во предизвикувањето на Израел од избувнувањето на војната во Газа од другите членови на организацијата и претрпеа помал удар на своја кожа.

„Но, нема гаранција дека тие ќе останат такви, со оглед на решеноста на Израел да тргне по [членовите на организацијата] еден по еден“, додаде Азизи.


За Хезболах, смртта на Насрала може да биде катастрофална, велат експертите.

„Ќе биде тешко да се замени Насрала“, изјави ветеранот на ЦИА, Норман Рул, кој работеше во Канцеларијата на директорот на националното разузнавање.

„Секој негов наследник ќе го нема неговиот политички статус во Либан и личниот однос со врховниот лидер на Иран“, изјави Рул за Радио Фарда.

Хезболах претрпе големи неуспеси во последните месеци. Израел уби клучни членови на своето раководство, неутрализираше значителен дел од својот воен арсенал и ја прекина комуникацијата.

„Израелските одбранбени сили искоренија цела генерација на раководство на Хезболах кои со себе носат колективен фонд на искуство што е колективно незаменлив“, додаде Руле.

Според експертот од Меѓународната кризна група која е со седиште во Брисел,Хеико Вимен Хезболах е премногу „институционализиран за да биде обезглавен“.

Но, додаде тој, организацијата може да издржи само толку многу „драматични удари“ пред „нешто на крајот да даде“, изјави тој за Радио Фарда, сервисот на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG