ВМРО-ДПМНЕ ја слави победата на плоштадот во Скопје
Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, на коалицијата „Твоја Македонија“ и други граѓани се собраа на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде со музика и со развеани знамиња се слави двојната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова на парламентарните и вториот круг претседателски избори што на 8 мај се одржаа во Северна Македонија.
Државната изборна комисија (ДИК) го објави распоредот на мандатите по партии и коалиции во идниот состав на македонското собрание, од обработени 94, 5 отсто гласови. Според распоредот, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори освоила вкупно 59 пратенички места и има убедливо водство пред останатите. Повеќе инфо тука.
Мицкоски: Брзо формирање влада по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ
Еуфорично и со стиховите од песната „Бисер балкански“, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беа пречекани на говорницата во партиското седиште од каде ја прогласија убедливата победа на парламентарните избори во Северна Македонија на 8 мај.
„Успеавме“, „Историска победа на народот“, „Пад на владата во Македонија“ – ова беа дел од првите зборови на Христијан Мицкоски, кој извесно е дека ќе биде мандатар за формирање на новата Влада во Скопје.
„Уверен сум дека ќе ја формирале владата во најкус можен рок“, рече Мицкоски.
За повеќе детали кликнете тука.
ДИК: Најнови резултати од парламентарните избори
Според последните податоци на Државната изборна комисија(ДИК) од обработени 99,6 отсто од податоците на вчерашното гласање за парламентарните избори во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Твоја Македонија освои 58 пратенички места, коалицијата на СДСМ 18, ДУИ 19, коалицијата Вреди 13, а Левица и ЗНАМ по 6 мандари.
Или според бројот на освоени гласови: коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ 431.251 гласови или 43,23%, СДСМ 153.250 или 15,36%, ДУИ 137.486 или 13,78%, Вреди 106.991 или 10,72%, Левица 67.338 или 6,75% и ЗНАМ – За Наша Македонија 55.539 или 5,57%.