Сиљановска-Давкова: Ќе бидам претседател на сите граѓани
Кандидатката за претседател на државата предложена од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова на првата прес конференција после првичните резултати кои се во нејзина полза рече дека македонските граѓани се одважија да излезат стамено, достоинствено и гордо да го дадат гласот на оној кој што го сакаат. Според неа да повикувате на бојкот с е партиски притисок.
Таа според првичните резултати има двојно поголема предност пред нејзиниот противкандидат на претседателските избори Стево Пендаровски кој веќе призна пораз. Посочи дека ќе биде претседател на сите граѓани и дека почнува промена која ќе ја донесе жена претседател.
„Јас тврдам дека од овој момент овде јас ке се однесувам како претседателка на сите грагани, на сите етнички групи, на членови на партии, на оние кои не се во партии бидејќи не може еден претседател особено не ако е жена да обединува, да трага по единство ако држи партиски линии“, рече Сиљановска Давкова. За повеќе детали кликнете тука.
Пендаровски им честиташе на победниците на изборите
Стево Пендаровски, актуелен претседател на Северна Македонија и кандидат за втор мандат во вториот круг на претседателските избори, го призна поразот на двојните, претседателски и парламентарни избори на 8 мај.
„Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги образложувам. Согласно резултатите што ги водовме досега, сакам да им честитам на победниците и да им посакам успешна работа во следните четири години, односно пет години“, рече Пендаровски во првото отворање по затворањето на гласачкото место. За повеќе детали кликнете тука.
Првични резултати: Сиљановска-Давкова и ВМРО-ДПМНЕ водат на двојните избори
Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, е во двојна предност пред ривалот Стево Пендаровски, поддржан од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, во вториот круг од претседателските избори, покажуваат првичните податоци од Државната изборна комисија (ДИК).
Според обработени 44,8 отсто од гласовите, податоците на веб-страницата на ДИК покажуваат дека Сиљановска-Давкова досега има 214.695 гласа, а Пендаровски 103.144. СДСМ и Коалицијата за европска иднина, пак, имаат 51.885. За повеќе детали кликнете тука.
Првични резултати од вториот круг на Претседателските избори 2024 од обработени 40,7 отсто од избирачките места
Податоците во графиконот се менуваат согласно ажурирањето од Државната изборна комисија - ДИК.