Излезноста до 17 часот над 40%, постигнат ли е цензус за избор на претседател?
Во вториот круг на претседателските избори постигната е излезност на гласачите од 42,32 проценти до 17 часот, објави Државната изборна комисија (ДИК). Според претседателот на Комисијата, до 17 часот гласале 452.412 гласачи.
На интернет страницата на ДИК, податоците за излезност во даден момент се разликуваат од податоците што ги објавува ДИК на прес-конференциите поради постојаното ажурирање.
Излезноста на гласачите на парламентарните избори е над 45 отсто. Северна Македонија денеска има двојни избори - Избира претседател на државата и нов парламентарен состав.
ДИК: Одзивот на претседателските избори до 15 часот е 31,98 проценти, а на парламентарните 36,84
Излезноста на претседателските избори до 15 часот часот изнесува 31,98 отсто, а на парламентарните 36, 84 проценти, покажуваат најновите податоци на веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК).
Голем одзив на гласачите за претседателските избори има во општина Крива Паланка (58,29%), а најмала излезност е регистрирана во Липково (5, 14 %).
Во однос на парламентарните избори најмала е излезноста во Изборната единица 6 (29,11%), а најголема во Изборната единица 1 (42,59%).
ДИК апелира избирачките одбори да го почитуваат упатството за гласање
Државната избрна комисија (ДИК) ги опомена членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски и за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач. Ова следува откако од терен добиле информации дека членови на избирачките одбори не го почитуваат упатството за гласање на ДИК.
„Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години“, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху на вонредна прес-конференција.
Гласање без проблеми: „Кој и да победи, нека има мир“
Изборниот ден е мирен и се гласа без никакви пречки, велат и официјалните лица во избирачките одбори, но и граѓаните кои ги сретнавме на неколку гласачки места во скопски Карпош, Центар и во Општина Сарај. Во очекување на резултатите од претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија, еден од гласачите порача: „Кој сака нека победи, нека има мир, нека има соживот. И пари да има.“