Достапни линкови

Пандов: Затворениците повторно ќе бидат ангажирани со општокорисна работа


Пандов: Околу 200 вработувања ќе ја решат кризата во затворот Идризово
please wait

No media source currently available

0:00 0:18:24 0:00

Пандов: Околу 200 вработувања ќе ја решат кризата во затворот Идризово

Со измени на Законот за извршување на санкции, на затворениците ќе им биде понуден работен ангажман, ако добијат ќе ги изгубат сите привилегии, вели во интервју за РСЕ в.д. директорот на управата Александар Пандов. Целта е се што е потреба на затворите, да може сами да го произведуваат како порано.

Господине Пандов, кога станавте в.д. директор дадовте изјава дека „куче да се врзе во затворот Шутка ќе попушти со здравје, а не па човек“. Каква е генерално сликата во затворите во земјава?

12 казнено поправни домови и установи има Македонија. Затворот Скопје е еден од нив. Факт е дека цел затвор не е таков. Но, одреден број на ќелии кога го прошетав затворот, имаше графити од 1989 година со пенкало напишани, не е офарбана таа ќелија од тогаш. За жал, се уште директорот Утковски интензивно со материјалните средства кои ги поседува ќелија по ќелија ги реновира. Но, има уште неколку ќелии во затворот. Пак ќе го кажам истото - куче да врзете таму не знам колку ќе издржи.

Во однос на другите затвори?

Имаме затвори кои се европски затвори, имаме воспитно поправен дом во Тетово во Волковија за малолетни престапници кој е буквално европски затвор. За него можам да посочам и одговорно да тврдам дека 80 насто од дечињата дома во Македонија немаат такви услови како што имаат децата таму. Тоа е супер нов затвор пуштен во 2020 година. Затворот Куманово е релативно нов затвор. Отвореното и полуотвореното Одделение во Идризово се супер солидни. Тие се исто пушени во 2018 година.

Европската комисија нотира дека целокупната состојба во затворите останува страшна. Дали и што тргнавте да менувате?

Страшна е во два дела во Македонија. Јас наследив тотално руиниран затворски систем, без никаква дисциплина и од затворската полиција и од страна на затворениците.

Кога велите дека сте наследиле проблеми, тоа веројатно го говореле сите ваши претходници, па сликата со децении останува непроменета.

Така е, меѓутоа во кој било затвор појдете ќе ви кажат дека како тие 7 години додека владееја СДСМ и ДУИ, како што тогаш е урнисан затворскиот систем никогаш не било така. Сме наследиле супер квалитетен систем од СФРЈ, тоа е точно и во учебници и пред две недели имав можност во Хрватска, посетив три затвори таму.

Истото и тие го кажуваат дека сме имале како поранешна југословенска држава затворски систем кој бил еден од најдобрите во светот. Кога ви посочувам околу квалитетот на градбите, ви реков дека е пуштен во 2018 година, тоа значи дека во изминатите години се изградиле, а минатата власт требало само да ги пуштат во употреба. А во овие минати седум години шајка не е заковано.

Не е проблем во Македонија само квалитетот на градба. Кога говорат за затворот Идризово и квалитетот на условите, влегуваат во одреден дел Амбуланта. Тоа е најстарата зграда во Идризово и точно тоа не е добро. Но, кога ви реков дека отвореното и полуотвореното одделение се направени, требало во 2023 втората фаза да се изгради.

Требало нов притвор и болница да имаме таму, за жал не направиле ништо. Сега, мислам дека наредната година ќе се започне со изградба на втората фаза. И тоа додека не се направи може да фарбаме и тоа е непоправливо. Меѓутоа влага има таму и непоправливо е ако се реновира тој затворен дел на Идризово.

Тоа го велите во однос на заемот од Европската банка за обнова и развој и државното финансирање?

Да, две третини ни се пари од Европската банка за обнова и развој и една третина од македонската влада да ги оддвои. Проценката е околу 40 милиони за втората фаза на изградбата.

Претставници на Банката за развој беа во посета на затворот поради застој на проектот за негова реконструкција. Каков е епилогот од европските пари за Идризово?

Се уште го чекаме извештајот. Во овие пет месеци 20 часа во текот на денот сум посветен за подобрување на работите. Она што јас го имам наследено е руиниран систем, ако го споредам она што го видов во Хрватска, ние сме небо земја разлика.

Од како работи затворската полиција таму, до како работи системот, до каква економија има. Кој било жител на Скопје ќе ви каже дека од Идризово сме го јаделе најубавото кисело млеко, имавме столарска работилници, нема ништо сега. Сега ниту јајце, ниту патлиџан не се произведува во Идризово. Во Хрватска, тој систем е самоодржлив. Нема затвор кој нема остатоци на крајот на годината од 100.000 до 500.000 евра.

Ние како затворски систем, како директор ја имам најголемата работна сила. Ние имаме 2.175 затвореници и околу 350 притвореници.

Илјада луѓе од тие 2.175 може да бидат работно ангажирани дали во металуршка индустрија, дали да произведуваат храна, свињи, телиња, овци.

Се што е потреба за затворите може сами да го произведуваме. Правам се заедно со директорите во иден период тоа да биде така. За да дојдеме до тоа што сме биле во 90-тите години, вистински многу труд треба и волја и енергија.

Имам ангажирано професорки од Правниот факултет судијки, луѓе кои се во затворскиот систем познавачи, да се изменат одредени членови од Законот за извршување на санкции да секој затвореник кога ќе му биде пондено да биде работно ангажиран, ако одбие да ги изгуби сите привилегии.

Односно, 7 часа, викенд, 20 дена одмор да не може да ги користи. Тие 8 часа да ги одработи за државата и затворите. Тоа го сметам и како најдобар начин за ресоцијализација. Ние сега имаме фрапантни 67 насто од затворениците ни се повратници. Ретко каде во светот има таква бројка.

Дали се уште има кризна состојба во затворот Идризово?

Да, има одлука на влада до Нова година да нема нови вработувања, јас барав, но остана на таа одлука владата. Се надевам од јануари, февруари ќе има нови вработени.

Колку недостигаат?

Недостигаат околу 150 до 200 луѓе.

„Виновни“ за прогласување на кризната состојба беа и повратниците од боиштата во Сирија и Ирак кои отслужуваат казни затвор во шестото крило на затворот Идризово поради ширење на радикален ислам. Каква е состојбата сега?

Идризово има четири дела. Отворено, полуотоврнео, затворено и женско крило кое е одвоено. Затворениот дел од Идризово а таму имаме 49 луѓе со доживотни казни. За да имате претстава, тоа е налик на касарна. Тоа се спални со по 10-12 луѓе, вратите не се заклучуваат и целото тоа крило се 100-тина луѓе кои се дружат и комуницираат меѓу себе. За такви затвореници нам ни треба затвори кои ќе имаат ќелиски систем.

Каде не повеќе од 4 затвореници внатре во даден период ќе бидат под клуч. Кај нас тоа не е така. Дали е тоа опасно, дали е затворски чувар и да влегувате меѓу сто такви затвореници, да.

Што преземате како превенција?

Да изградиме нов затвор од затворен тип, тоа е таа нова фаза од затворот Идризово каде сите такви затвореници така би биле сместени.

На почеток од интервјуто ги спомнавте осудените за упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Дестина лица во тој случај добија отпуст поради здравствени причини, петмина побарале судски прекин на издржување на казните. Тројца од нив добиле прекин во траење од еден месец. Дали се се уште на отпуст?

Безмалку секој еден од 27 парил доби по еден прекин од мене, подоцна не мал дел од нив, половина и повеќе добиваа по месец до три судски прекини. Поголем дел сега од нив се повторно во затворите, мислам дека мал број од нив, ама тоа се со судски прекини се уште се надвор. Најголем дел од нив се во затворите.

Каков е вашиот став за осудените од 27 април?

Тие луѓе треба сите да бидат надвор. За жал, веројатно се бара правно решение, Можеби и сум во тек, меѓутоа, но нема да си допуштам сега да навлегувам како да се реши. Јас сум оптимист дека во некој краток временски период ќе биде решен конечно тој проблем и тие луѓе ќе си бидат со своите семејства.

Од септември навака вашиот син е назначен за владин советник за млади на премиерот Христијан Мицкоски. Дали е ова конкретен пример за партиски непотизам во државни институции?

Постариот син е подеднакво партиски активен колку што сум и јас. И тоа законот не му го забранува. Кој било што го посочува него нека влезе на неговиот Фејсбук профил и да види во последните 7 години што се има правено тој и колку бил партиски активен. Јас сум горд што сум успеал да го заразам со политика, да сака да се занимава со политика, помалиот се уште нема никаков афинитет за занимавање со политика. И нема шанса да го видите на функција помалиот син. Тоа е непотизам.

Столе е се уште од Извршниот комитет на Унијата на млади сили и еден од повидните и поактивните деца таму. И според мене еден од надежите и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и јас и секој еден старееме и биологијата е немилосрдна наука. Јас би ве замолил да го прашате и претседателот и било кој во омладинската за Столе, дали е заслужено кај него, дали е одработено дали е он кадар на кој партијата смета на него како таков или јас сум имал влијание тој да добие некоја функција.

Повеќе во интервјуто.

  • 16x9 Image

    Петар Клинчарски

    Петар Клинчарски новинарската кариера ја започнува како репортер во медиумот А1он, подоцна продолжувајќи ја во ТВ Телма. Од 2016-та до 2022-ра година беше дел од емисијата „360 степени“. Од јуни 2023-та година работи како новинар во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG