Драган Малиновски веројатно го знаете сите, како искусен анти-корупционер, адвокат. Беше прв човек на Анти-корупциската Комисија, но помалку во јавноста познат и како моторџија.
Моторите се превозно средство, учесници во сообраќајот. Се повеќе се присутни на македонските улици и патишта. Со Малиновски зборуваме за мотори и моторџии, за односот кон нив, но и од нив кон другите учесници во сообраќајот. За суштината на моторџиството за кодексот на однесувањето, клубовите, солидарноста, хуманизмот, знаците на поздравување, слушајте го разговорот со него во Поткастот Зошто
„Моторот е слобода, тоа е една пасија. Меѓутоа тоа е сериозен ангажман, пред се од безбедносен аспект, од култура на однесување. Сепак моторите и моторџиите се учесници во сообраќајот и треба да се има вистински однос од моторџиите кон другите и обратно. Се разбира има правила, прописи кои треба да се почитуваат, има кодекси на однесување кои не се пишани во правилата но треба да се почитуваат во името на безбедноста за да се намали ризикот“
Малиновски , како искусен моторџија препорачува носете кациги, инаку ќе ве викаат донатори на органи.
„Тоа е страшно. Бев во САД, во Флорида и на едно дружење во клуб на Харли Дејвидсон и таму една госпоѓа ми рече Знаете што, тие што не носат кацига ние ги викаме донатори на органи“
Драган, не е задоволен од нивото на култура во сообраќајот, од односот кон моторџиите кон другите учесници во сообраќајот но и обратно.
Сметам дека генерално не ни е задоволително нивото на култура во сообраќајот па аналогно и од моторџиите. Мора да се работи на законитост, регулатива, санкционирање. Мора да се работи на подигање на и култура во сообраќајот. Не сум задоволен од нивото.
Тој на оваа тема зборува и за и на недостатоците во сообраќајната сигнализација, за квалитетот на бојата со која се обележуваат пешачките премини. За немањето слух од властите за овие барања на моторџиите, кои се важни за сите учесници во сообраќајот.
Со Малиновски го споредуваме и односот кон моторџиите во други земји во Европа. Зошто возачите на мотор возат меѓу колони автомобили за да се позиционираат пред нив на крстосниците пред семафорите и како на тоа се гледа во земјата а како во Европа, а вие почитувани слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.